Author: dino

Во „Куќата на фудбалот“ беа доделени првите УЕФА Ц дипломи издадени од Центарот за едукација при Фудбалската федерација на Македонија. Истите ги примија педесетина тренери од вкупно 85 кои ги исполнија зададените задачи и обврски од Центарот за едукација. Дипломите беа доделени од страна на генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски, директорот на Центарот за едукација, Небојша Марковски и едукаторите.

Read More

Винсент Крихмаер, победи на денешната трка во спуст во италијанскиот зимски центар – Бормио возена во рамките на Светскиот куп во Алпско скијање. Тој беше единствениот кој успеа да постигне резултат под 2 минути што му помогна да ја забележи и 14. победа во кариерата. Зад актуелниот светски шампион во спуст и супер-велеслалом заврши Канаѓанецот Џејмс Крафорд додека Александар Омот Килде од Норвешка го освои третото место. Во спуст води Килде со 405 бодови додека Одермат кој денеска беше четврти, останува неприкосновен лидер во вкупното рангирање. Утре на истата патека ќе се вози трката во супер-џи.

Read More

Италијанскиот фудбалски репрезентативец, Жоржињо, кој ја одработува последната сезона во редовите на Челзи ќе добие понуда да се пресели во Њукасл. 31-годишниот играч нема да добие продолжување на соработката со лондончани и уште во јануари ќе може да направи слободен трансфер. „Сините“ на неговото место планираат да го ангажираат играчот од средниот ред на Бенфика, Енцо Фернандез.

Read More

Челниците на Ливерпул ќе треба да платат 60 милиони фунти за потписот на Џуд Белингем откако „Дејли Мејл“ откри, дека во неговиот договор има „тајна клаузула за ослободување“ далеку помала од сумата што ја бара Борусија Дортмунд – 100 милиони фунти. Не е тајна дека Белингем е една од главните цели на „црвените“ иако за неговиот потпис конкурираат Челзи и Манчестер Сити. Фудбалерот и неговото семејство неколку пати потенцираа дека гледаат со симпатии кон Ливерпул и работата на менаџерот, Јирген Клоп.

Read More

Селекторот на јапонската фудбалска репрезентација, Хаџиме Моријасу, ќе остане на функцијата до Светското првенство во 2026 година, потврдија челниците на федерацијата. Неговата селекција имаше сензационални победи против Германија и Шпанија на Светското првенство во Катар и успеа да стигна до осминафиналето. Моријасу ќе биде првиот селектор на „самураите“ што ќе се појави на два последователни Мундијала.

Read More

Борачот Владимир Егоров и параолимпијката во стрелаштво, Оливера Наковска Бикова, се прогласени за спортисти на годината во изборот на Агенцијата за млади и спорт и Сојузот на спортови на Македонија. Почесни статуетки како великани на македонскиот спорт добија Кирил Лазаров и Горан Пандев. НАЈУСПЕШНА НАЦИОНАЛНА СПОРТСКА ФЕДЕРАЦИЈА: РакометнаНАЈУСПЕШЕН ТРЕНЕР/СЕЛЕКТОР: Дејан Митровски (Кик-бокс)НАЈДОБАР МАШКИ НАЦИОНАЛЕН ТИМ: РакометНАЈДОБАР ЖЕНСКИ НАЦИОНАЛЕН ТИМ: РакометНАЈДОБАР МЛАД СПОРТИСТ: Петар Арсовски (бокс)НАЈДОБРА МЛАДА СПОРТИСТКА: Јадранка Темелкова (кик-бокс) ПОДВИГ НА ГОДИНАТА: Марко Пејчиновски (пливање)/Харис Беќири (еверестинг)НАЈУСПЕШНА СПОРТСКА ЕКИПА ВО УНИВЕРЗИТЕТСКА КОНКУРЕНЦИЈА: Карате тим на универзитетот „Кирил и Методиј“НАЈУСПЕШЕН УЧИЛИШЕН СПОРТСКИ КЛУБ ОД ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА: ОУ „Васил Главинов“ –…

Read More

Нашите најдобри ракометари имаа успешен старт на подготовките за Светското првенство кон средината на јануари. Тие денеска на Маврово славеа на контролниот меч против Црна Гора со 38 спрема 33. Дејан Манасков постигна 10 голови додека Гоце Георгиевски, Талески и Ѓорѓиев постигнаа по пет.  Во нашиот табор ги немаше Никола Митревски, Давид Ставревски, Александар Петковски, Петар Атанасијевиќ и Филип Кузмановски. Двете селекции на истата локација ќе одиграат уште еден контролен меч од затворен карактер.

Read More

Напаѓачот на Тотенхем, Дејан Кулушевски, кој има потекло од Македонија, не е задоволен како се одвиваат мечевите во Премиер лигата. Неговиот тим на 9 средби по ред прв прима гол а потоа се измачува да остане непоразен. „Едноставно не може да ги стартуваме натпреварите на тој начин. Ако сакаме да бидеме голем тим, мора да започнеме да играме фудбал од првата минута“ – вели Кулушевски. „Мора да покажеме резултат на теренот. Мора да процениме што ни се случува во воведот од натпреварите“ –  беа зборовите на напаѓачот на „спарси“

Read More

Првите луѓе на Манчестер Јунајтед планираат да испрата понуда за фудбалерот на Наполи,  Виктор Осимен. 23-годишниот напаѓач во тековнава сезона одигра 14 мечеви со ефект од 10 голови и три асистенции. Неговата вредност е околу 70 милиони евра. Нигерискиот голгетер се претвори во значајна фигура во тимот кој се бори за шампионската титула во Серија „А“. Наполи по 15 кола е лидер на табелата со 41 бод пред Милан кој има 33.

Read More

Турскиот новинар, Ахмет Ерџанлар, објави дека нашиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас, исконтактирал телефонски со Јирген Клоп. Наводно, менаџерот на Ливерпул му соопштил на играчот на Наполи дека го планира во јануарскиот преоден рок. Елмас досега беше поврзуван со заминување од Италија но, тоа не се случи. Сега се очекува „црвените“ да испратат официјална понуда до Наполи за ангажман на нашиот фудбалер.

Read More