Винсент Крихмаер, победи на денешната трка во спуст во италијанскиот зимски центар – Бормио возена во рамките на Светскиот куп во Алпско скијање.
Тој беше единствениот кој успеа да постигне резултат под 2 минути што му помогна да ја забележи и 14. победа во кариерата. Зад актуелниот светски шампион во спуст и супер-велеслалом заврши Канаѓанецот Џејмс Крафорд додека Александар Омот Килде од Норвешка го освои третото место.
Во спуст води Килде со 405 бодови додека Одермат кој денеска беше четврти, останува неприкосновен лидер во вкупното рангирање. Утре на истата патека ќе се вози трката во супер-џи.