Author: dino

Тренерот на фудбалерите на Тотенхем, Антонио Конте, изјави дека се соочува со проблеми пред денешниот меч со Брентфорд во рамките на Премиер-лигата. Бидејќи дури 12 играчи на „спарси“ неодамна се вратија од Мундијалот во Катар, Италијанецот ќе има проблеми да истрча со најдобрите 11-ет. „Воопшто не сум среќен што играме толку брзо или само седум денови по Светското првенство. Невозможно е да им се даде на играчите заслуженото време за одмор“ – потенцираше Конте.

Read More

Спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ, потврди дека францускиот фудбалски дефанзивец, Лукас Хернандез,  ќе го продолжи договорот кој му истекува во 2024 година. „Разговорите со агентите на Лукас се во напредна фаза. Неговата иднина е во Баерн, нема сомнеж во тоа“ –  изјави Хасан Салихамиџиќ. 26-годишниот играч настапи на Светското првенство за Франција но, поради потешка повреда уште на првиот меч мораше да прекине со активностите.

Read More

Француски „Л’Екип“ објави дека Лео Меси, веројатно ќе се врати на клупските обврски во ПСЖ на 11 јануари. Аргентинскиот фудбалер максимално ќе ги искористи деновите за одмор и ќе ја прослави титулата освоена на Мундијалот во Катар. Тој сигурно нема да игра против Стразбур во Лига 1 потоа против Ленс на 1 јануари и во Купот на Франција против Шатору на  6 јануари. Меси според најавите првиот меч во новата година ќе го одигра на 11 јанаури и тоа против Анжи.

Read More

Поголем дел од медиумите објавија дека трофејниот тренер, Зинедин Зидан, може да го наследи Тите на кормилото на бразилската фудбалска репрезентација. Французинот нема никаков  ангажман од 2021 година откако се повлече од кормилото на Реал Мадрид. Иако имаше одредени шпекулации дека популарниот Зизи ќе биде замена за Дешамп на чело на „триколорите“, тоа сепак нема да се случи. Покрај Зидан за селекторското место во Бразил се споменувата и имињата на : Тухел, Мартинез, Бенитез итн.

Read More

Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид де Геа, по цели 12 сезони ќе си замине од стадионот – „Олд Трафорд“ , најавија медиумите во Англија. Тренерот, Тен Хаг, има намера да го врати Дин Хендерсон, кој брани како позајмен за Нотингем Форест а во опција влегува и чуварот на мрежата на Борусија Дортмунд, Зомер. Актуелниот договор на Давид Де Геа со „црвените ѓаволи“ ќе истече на крајот на сезонава.

Read More

Тренерот, Александар Петровиќ и челниците на кошаркарскиот состав МЗТ Скопје спогодбено ја прекинаа соработката откако популарните „штркови“ нанижаа серија лоши резултати во АБА лигата. Тој во претходната сезона ја одбрани домашната титула и го однесе тимот во елитната конкуренција во Јадранската лига. Петровиќ третиот мандат кај МЗТ го стартуваше во март годинава. Претходно беше кормилар во периодот од 2001 до 2007 и од 2009 до 2011 година

Read More

Новиот ракометен супер-лигаш Алкалоид,  денеска го претстави новиот проект за младите категории, новите дресови и новиот дом. Станува збор за реновираната сала – Автокоманда која е брендирана во клупските бои. Претседателот на клубот, Живко Мукаетов, не крие дека клубот има големи амбиции. „Пред година дена започнавме проект на визија, значаен за мак-ракометот. Основна цел е да се регрутираат млади таленти. Нашата мисија ќе биде исполнета кога ќе го добиеме новиот Кире, Столе, Жути, Манасков. Градиме нешто добро за македонскиот спорт, за нашата држава. Мора прво да веруваме во себеси, во тимот, во сите околу нас, ако сакаме да направиме нешто како…

Read More

Новиот селектор на фудбалерите на Шпанија, Луис де ла Фуенте, изјави дека нема да го користи Родри во офанзивниот дел откако играчот на Манчестер Сити на Мундијалот во Катар доби изненадувачка улога.   „Го гледам Родри како играч од средниот ред. За мене тој секогаш делуваше на позицијата пред дефанзивците – уште од детските години во Вилјареал кога јас бев негов ментор“ – вели Фуенте. 61-годишниот стратег дојде на местото Луис Енрике по елиминацијата на „фуријата“од Светското првенство во Катар.

Read More
NBA

Словенечкиот кошаркар, Лука Дончиќ, изедначи клупски рекорд на легендата на Далас, Дирк Новицки. Тој во ноќта зад нас постигна 50 поени и направи 10 асистенции на мечот со Хјустон одигран во НБА конкуренцијата. Дончиќ стана прв кошаркар кој успеал да постигне таков ефект во сезонава и воедно втор во историјата на Далас по Германецот. Рекордот на Дончиќ е 51 поен остварен на мечот со Клиперси.

Read More

Тројца репрезентативци на Уругвај – Единсон Кавани, Хозе Марија Хименез и Фернандо Муслера, може да добијат забрана за настап во период од 6 месеци. Тие се под истрага од страна на ФИФА поради нивното непримерно однесување по елиминацијата на тимот од Светското првенство во Катар. Евентуалните санкции ќе се применуваат и на клупско ниво. Кавани игра во Валенсија, Хименез е во Атлетико Мадрид а Муслера во Галатасарај. Сите тројца имаат рок до 9 јануари да одговорат на обвиненијата од страна на ФИФА.

Read More