Словенечкиот кошаркар, Лука Дончиќ, изедначи клупски рекорд на легендата на Далас, Дирк Новицки.
Тој во ноќта зад нас постигна 50 поени и направи 10 асистенции на мечот со Хјустон одигран во НБА конкуренцијата. Дончиќ стана прв кошаркар кој успеал да постигне таков ефект во сезонава и воедно втор во историјата на Далас по Германецот.
Рекордот на Дончиќ е 51 поен остварен на мечот со Клиперси.