Author: dino

Арина Соболенка која загуби од претставничката на Казахстан, Елена Рибакина на егзибицискиот турнир во Дубаи, вели дека самиот настан и предизвикува воодушевување.   „Тоа беше интересно искуство. Се обидував да разберам дали треба да бидеме сериозни или да се забавуваме. Всушност, интересна боја на теренот портокалова нијанса. Можете да ја видите топката но, мора да бидете навистина фокусирани“ – вели Соболенка „Малку ја губите концентрацијата затоа што се обидувате да зјапате во топката, беше убаво и забавно“ – вели Соболенка

Read More

Русинката, Наталија Антјух и официјално ја загуби олимписката титула на 400 метри со пречки од Игрите во Лондон во 2012 година откако не вложи жалба на одлуката за кршење на анти-допинг правилата. 41-годишната атлетичарка беше осудена во октомври и имаше 45 дена да поднесе жалба. Меѓународниот олимписки комитет сега може да ги прераспредели медалите од натпреварувањето во дисциплината.Тоа значи дека Американката Лашинда Демус ќе добие злато, Чехинката Сузана Хеинова сребро а Калис Спенсер од Јамајка бронза.

Read More

Португалската фудбалска федерација прави напори да го убеди Жозе Мурињо да ја преземе диригентската палка во репрезентацијата. „Европските бразилци“ бараат нов селектор откако по елиминацијата во 1/4-финалето на Светското првенство во Катар се разделија со Фернандо Сантош.  „Специјалниот“ има договор со Рома до 2024 година и секогаш бил дециден дека има намера да го испочитува.

Read More

Италијанскиот фудбалски состав, Салернитана, денеска ќе потпише договор со славниот мексикански голман, Гилермо Очоа.  Тој треба да пристигне на „Чизмата“ за да ги реализира лекарските прегледи и да го парафира договроот до крајот на сезоната. Неговиот договор со Клуб Америка истекува на 31 декември. Очоа прв пат ќе биде дел од Серија А. Претходно има брането во Франција и во Шпанија.

Read More

Челниците на Њукасл не се откажуваат од намерата да го ангажираат фудбалерот на Барселона, Мемфис Депај. Холанѓанецот ја одработува последната сезона од договорот и во јануари ќе може да влезе во преговори со сите клубови што се заинтересирани за неговите услуги.  Барса сигурно ќе сака да го продаде за да заработи колку-толку од неговиот трансфер. Тренерот на англичаните, Еди Хау, побарал од раководството да го ангажираат Депај кој пред да замине на „Камп Нoу“ играше за ПСВ, Манчестер Јунајтед и Лион.

Read More

Легендарниот бразилски фудбалер, Пеле, бил префрлен на интензивна нега во болницата – „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло откако ракот прогресирал. Пеле има 82 години и неколку пати беше хоспитализиран додека се бори со тешката болест. Тој со „кариоките“ стана светски шампион во 1958, 1962, 1970 година.

Read More

Шпанскиот фудбалер, Иско, ќе си замине од Севилја и тоа по само неколку месеци откако двете страни потпишаа договор до 2024 година. Медиумите на Пиринеите објавија дека Иско неодамна имал расправија со спортскиот директор, Мончи и дека по само 10 минути го напуштил тренингот. Играчот дојде во Севилја како слободен агент од Реал Мадрид.  Тој со „белите“ за девет години освои се што можеше. Според одредени шпекулации, за неговиот потпис се заинтеерсирани Бетис и Рома.

Read More

Поранешниот фудбалер на Италија, Џанлука Вијали, кој неколку години се бори со рак на панкреасот, бил повторно хоспитализиран со влошена здравствена состојба. Тешката болест на поранешниот играч на Сампдорија, Јувентус и Челзи, му беше откриена во 2017 година. Тој во еден период  беше ангажиран како помошник на Роберто Манчини во стручниот штаб во фудбалската селекција на „аѕурите“.

Read More

Дефанзивецот на Челзи, Жоржињо, потенцираше дека го гледал само финалето на Светското првенство во Катар. Фудбалерот призна дека неуспехот на Италија да се квалификува за Светското првенство бил тежок удар за него. „Беше многу тешко, особено во почетокот. Не сакав да ги гледам натпреварите. Отидов на одмор со моето семејство“ – вели играчот на „сините“. „Не сакав да гледам, не ми беше грижа“ – изјави 31-годишниот фудбалер за – „Sky Sport Italia“.

Read More

Четворица фудбалери на Манчестер Јунајтед ги продолжиле договорите за уште една година, објавија медиумите во Англија. Маркус Рашфорд, Диого Далот, Лук Шо и Фред, ја искористија клаузула да останата на стадионот –  „Олд Трафорд“  дополнителна сезона откако ќе им истечат договорите во летото во 2023 година. Во исто време голманот, Давид де Геа, ги продолжи преговорите со челниците на клубот иако имаше најава дека ќе си замине од таборот на „црвените ѓаволи“.

Read More