Author: dino

Селекторот на фудбалерите на Мароко, Валид Реграги,  се обиде да ги оправда реакциите на неговите избраници по вчерашниот пораз од Хрватска во мечот за третото место на Мундијалот во Катар. Африканските фудбалери го опколија главниот судија незадоволни од арбитражата а подоцна во тунелот Хакими упатил вулгарни зборови кон претседателот на ФИФА, Инфантино.  „Понекогаш претерано реагираме кога натпреварот ќе заврши. Моите играчи се амбициозни но, тоа не е недостаток на почит” – вели селекторот на африканскиот состав.

Read More

Англискиот фудбалски селектор, Герет Саутгејт, ќе остане на кормилото најмалку до 2024 година, објавија денеска дел од медиумите. Тој по елиминацијата од Светското првенство во Катар остави простор да размисли дали ќе ја задржи функцијата и дали треба да ја продолжи соработката со ФА. Саутгејт кој седна на клупата на „гордиот албион“ во 2016 година, успеа да  влезе во полуфиналето на Мундијалот во Русија во 2018 и во финалето на ЕП во 2020.

Read More

Репрезентативецот на Мароко, Ашраф Хакими, му се извинил на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино за инцидентот кој се случил по вчерашниот меч за трето место на СП во Катар. Дефанзивецот на африканскиот состав по поразот од  Хрватска гневот го истури врз првиот човек на светскиот фудбал.  „Бев лут по поразот. Бев да зборувам со него, му се извинив за тие зборови кои ги кажав“ нагласи Хакими.

Read More

Францускиот селектор, Дидие Дешамп, изјави дека е уверен дека неговите избраници можат да ја победат Аргентина во финалето на Светското првенство. „Гаучосите“ денеска ќе имаат голема поддршка од околу 50.000 навивачи додека Французите ќе бидат далеку во помал број. „ Тоа е страсна нација која живее за фудбалот. Сакаат да ја освојат титулата поради Лионел Меси. Нашиот ривал не е на трибините, туку на теренот“ – потенцираше Дешамп.

Read More

Денеска со почеток од 16 часот ќе се одигра последниот меч на Светското првенство во Катар. За најзначајниот фудбалски пехар се борат селекциите на Аргентина и Франција. Меси се надева дека ќе го освои единствениот трофејот кој му недостасува.  Аргентина цели 36 години ја чека титулата Светски шампион. Франција ќе се обиде да ја одбрани. Меси и Мбапе имаат по пет голови на шампионатот и еден од нив веројатно ќе биде прогласен за играч на Мундијалот.

Read More

Легендарниот српски фудбалер а подоцна и тренер, Синиша Михајловиќ, почина по тешко и долго боледување на 53-годишна возраст, објави Газета дело спорт. Професионалната фудбалска кариера ја започнал во 1988 година во Војводина а потоа замина во црвено-белиот дрес во Белград.  Во Италија играше во Рома, Сампдорија, Лацио и Интер. Тој освои 16 трофеи: пет титули во Лигата, Купот на шампионите, Купот на европските победници на куповите, четири Купови на Италија, Интерконтиненталниот куп, Суперкупот на Европа и три Суперкупа на Италија. .

Read More

Џани Инфантино, првиот човек на ФИФА денеска на средба со новинарите, потврди, дека од  2025 година ќе се практикува нов формат на Светското клупско првенство. Ќе учествуваат 32 клуба од сите континенти поделени во осум групи а најдобрите два ќе продолжат во нокаут-фазата. Тоа ќе донесе поголем профит за клубовите бидејќи наградниот фонд е 150 милиони фунти. УЕФА претходно се огласи дека е против новиот формат.

Read More

Фудбалерот, Јосип Јурановиќ, кој заработи повреда на мечот со Аргентина нема да игра на утрешниот дуел со Мароко. Хрватскиот репрезентативец ќе мора да паузира 10 дена објавија дел од медиумите. Играчот на Селтик со добрите настапи на Мундијалот го привлече вниманието на повеќе европски клубови а Шкотскиот гигант за неговиот потпис ќе бара околу 10 милиони евра. Се претпоставува дека неговото место на утрешниот меч ќе го заземе Јосип Станишиќ од Баерн Минхен.

Read More

Давид Ферер во наредните две години ќе биде капитен на шпанскиот тим во Дејвис купот. Поранешниот светски рекет број 3 се повлече од професионалниот спорт во 2019 година. Ферер е трикратен победник на Дејвис купот – во 2008, 2009 и 2011 година како и финалист во 2012 година. Шпанците догодина со „вајлд-карта“ ќе учествуваат во Дејвис Купот.

Read More

Аргентинската ѕвезда, Лионел Меси, го пофали талентираниот Хулијан Алварез, кој во дебитантскиот настап на Мундијалите постигна 4 голови за „гаучосите“. „Никој не замислуваше дека Алварез ќе игра таква улога и ќе стане толку значаен за тимот. Неговата помош е непроценлива. Тој одигра неверојатно во текот на целиот шампионат. Алварез е откритие“ – прокоментира Меси. Алварез веројатно ќе добие шанса и на мечот со Франција во финалето на Мундијалот во Катар.

Read More