Селекторот на фудбалерите на Мароко, Валид Реграи, доби убава вест пред утрешниот меч со Франција на Мундијалот во Катар. Еден од поискусните дефанзивци, Носаир Мазрауи, ја надмина болеста и ќе му биде на располагање за историскиот меч против „триколорите“. Десниот бек кој знае да ротира и кон средината во дефанзивната линија досега на Светското првенство одигра 320 минути на 4 натпревари. Мазрауи поради грип мораше да го „скокне“ мечот со Португалија.
Author: dino
Кошаркаркиот клуб Работнички АД Скопје излезе со соопштение по инцидентот на мечот со Чаир кога физички беше нападнат еден од играчите на екипата од Градски парк. „Работнички најостро ги осудува сите видови насилство на терените без разлика од каде доаѓа истото, без разлика дали е тоа предизвикано од нашиот табор, наши навивачи или наши симпатизери или од противничките и без разлика дали е тоа изолирано или организирано однесување! – стои во соопштението. – На таквите луѓе, постапки и идеи, не смее да им се дозволи да бидат присутни на спортски натпревари! Сите ние треба да сносиме последици за се што…
Алф Инге таткото на Ерлинг Халанд, вели дека корпулентниот фудбалер на Манчестер Сити може да остане во клубот 15 години но, не е исклучена и можноста да направи трансфер во догледно време. „Ерлинг сака да докаже дека може да триумфира во која било врвна лига. Тој помина две и половина години во Германија. Може да играте три години во Премиер лигата и потоа да се преселите во Италија, Шпанија или Франција. Ерлинг може да игра за секој тим“ -порача Халанд сениор. Норвешкиот репрезентативец има договор со „граѓаните“ до 2027 година.
Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, ќе добие една недела одмор пред да им се приклучи на лондончани на мини подготовките за продолжението на сезоната. 29-годишниот фудбалер беше капитен на „Гордиот Албион“ на 5 натпревари во Катар. Тој постигна 2 гола и направи 3 асистенции. Тотенхем на 26 декември го очекува натпреварот против Брентфорд во рамките на 17. коло од Премиер лигата. Пред тоа е предвидено тимот да одигра пријателски меч против Ница на 21 декември.
Францускиот фудбалски дефанзивец, Жил Кунде, вели дека „триколорите“ нема да го потценат Мароко во утрешниот меч на Светското првенство во Катар. Африканскиот состав е пријатно изненадување откако успеа да ги елиминира двете селекции од Пиринеите – Шпанија и Португалија кои се вбројуваа меѓу фаворитите за висок пласман. „Мораме да играме брзо за да ги дебалансираме. Тие одлично се бранат и може да бидат опасни во контри. Не ги потценуваме“ – изјави Кунде.
Медиумите во САД открија дека фудбалерот на Борусија Дортмунд, Џовани Рејна, за малку ќе бил избркан од репрезентацијата на СП во Катар . Тој со однесувањето на тренинзите и на пријателските натпревари го налутил стручниот штаб. Рејна доби шанса во вториот дел против Холандија откако испратил извинување до сите во националниот тим. Фудбалерот објави и изјава на социјалните мрежи, во која потенцира дека изненаден што информацијата околу целата ситуација протекла во медиумите.
Нашите репрезентативци во пинг-понг до 12 години, Кристијан Каламадевски од ППК Зегин Берово и Матеја Смолиќ од ППК Рисови, учествуваа на турнирот Медитерански Куп во Биела, Италија. Во поединечна конкуренција Каламадевски не успеа да се пласира на главната табела меѓутоа во групата имаше добри резултати и една победа. Матеја Смолиќ го освои првото место во групата и се пласираше на главната табела на турнирот. На крај го освои 17-то место од 34 учесниички. Во тимската конкуренција нашите натпреварувачи со една победа и два загубени меча не успеаја да се пласираат во главната рунда.
Луис Енрике кој по елиминацијата од Мароко на Мундијалот во Катар доби отказ од шпанската фудбалска федерација, вели дека прв пат се соочува со таква ситуација. „Првпат се случува некој да не ми го продолжи договорот. Искрено, мислев дека јас ќе бидам тој што ќе ја донесе одлуката“ – вели Енрике. „На крајот, не морав да носам одлука а тие не мора да ме обесштетат бидејќи секако ми заврши договорот“ – изјави Енрике.
Фудбалерот, Амин Арит, кој поради повреда отпадна од селекцијата на Мароко непосредно пред Мундијалот во Катар, денеска пристигна во Доха за да им даде поддршка на неговите соиграчи пред мечот со Франција во рамките на осмина-финалето. 25-годишниот играч од средниот ред на Олимпик Марсеј, доживеа повреда на коленото во ноември на само неколку денови пред почетокот на групната фаза на Светското првенство. Арит беше пречекан од сите во експедицијата на Мароканците.
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, беше судија на натпреварот меѓу фудбалските легенди и работниците вклучени во изградбата на стадионите на Светското првенство во Катар. „Да имаме одлична фудбалска ноќ како што видовме претходно повеќе такви на Светското првенство“ -рече Инфантино пред почетокот на стадионот Ал-Тумама во Доха. Меѓу легендите кои учествуваа на натпреварот беа Кафу, Џон Тери и Кларенс Сидорф. Инфантино беше судија на натпреварот околу десет минути при што даде два жолти картона.
