Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, беше судија на натпреварот меѓу фудбалските легенди и работниците вклучени во изградбата на стадионите на Светското првенство во Катар. „Да имаме одлична фудбалска ноќ како што видовме претходно повеќе такви на Светското првенство“ -рече Инфантино пред почетокот на стадионот Ал-Тумама во Доха. Меѓу легендите кои учествуваа на натпреварот беа Кафу, Џон Тери и Кларенс Сидорф. Инфантино беше судија на натпреварот околу десет минути при што даде два жолти картона.
Author: dino
Фудбалерот на Хрватска, Иван Перишиќ, пред полуфиналниот дуел со Аргентина на собирот во Катар вели дека чувството е прекрасно. „Секој спортист сака финале. Аргентина е одлична, но, многу ќе зависи и од нас. Мора да играме тимски како што игравме против Бразил“, изјави Перишиќ. „Треба да играме сите заедно и во одбрана и во напад. Гол или асистенција за мене нема значење“ – потенцираше репрезентативецот на „коцкестите“.
Селекторот на фудбалерите на Аргентина, Лионел Скалони, имаше задолжителна средба со новинарите пред мечот со Хрватска во полу-финалето на Мундијалот. „Многу ја анализиравме Хрватска. Тие се тим кој има одлични играчи. Ќе биде тежок натпревар“ – вели Скалони. „Сите сакаат да гледаат играчи како Модриќ. Не само поради неговиот талент туку и поради односот кон противникот“ – вели селекторот на „гаучосите“ пред утрешниот меч на СП во Катар.
Песната „Кога падна на Пирина“ од „Некст тајм“ беше инспирација на Илина Соколовска за настап на Интернационалниот натпревар по ритмичка гимнастика во Германија и освоениот сребрен медал. Со овој натпревар, кој се одржа во Леверкузен, македонското девојче Илина, кое неколку години реди успеси за Германија, ја заврши сезоната на спортување и има пауза до фебруари, кога ќе стартува новата сезона. „Среќна сум многу, особено што настапуваа гимнастичарки од над 20 земји од целиот свет. Им се радувам на сите медали што ги освоив за Германија, но ми е жал што не се тоа успеси за Македонија. А оваа песна ја…
Легендарниот фубалер на Интер и на селекцијата на Аргентина, Хавиер Занети, верува дека „гаучосите“ ќе ја совладаат Хрватска и ќе влезат во финалето на Светското првенство во Катар. „Ќе биде тежок натпревар, Хрватска е силен состав. Нема да биде лесно но, верувам дека ќе победиме“ – вели Занети. Средбата Аргентина – Хрватска ќе биде одиграна утре со почеток во 20 часот. Главен судија ќе биде Даниеле Орсато од Италија.
Челниците на Фирентина ја одредија цената за Софиан Амрабат кој е еден од најдобрите фудбалери на Мароко во досегашниот дел од Светското првенство во Катар. Според италијанските медиуми, „виолетовите“ во наредното лето ќе го стават Мароконецот на трансфер листата и ќе бараат најмалку 40 милиони евра. Фиорентина го купи Амрабат од Верона за 20 милиони. Според одредени шпекулации за неговиот потпис е заинтересиран тимот на Ливерпул.
Селекторот на фудбалерите на Англија, Герет Саутгејт, сега не размислува за оставка по елиминацијата од Мундијалот во Катар. Англичаните вчера загубија од Франција со 2:1 и си ги спакуваа коферите. „Треба да размислам, на сите им треба време да ги донесат вистинските одлуки. По анализата ќе ја донесеме одлуката“ – вели Саутгејт кој има активен договор до 2024 година. Тој седна на кормилото во 2016 година и го предводеше „Гордиот Албион“ на Светското првенство во 2018, на Европското првенство во изминатата година и сега во Катар.
Фудбалерот на Челзи, Нголо Канте, нема да добие покана од Реал Мадрид откако првиот човек на „кралевите“, Флорентино Перез, јасно стави до знаење дека нема намера да го ангажира на стадионот – „Сантијаго Бернабе“. 31-годишниот играч дефинитивно ќе си замине од „Стемфорд Бриџ“ на крајот на сезонава, бидејќи ќе му истече договорот со „сините“. Французинот кој подолг период се измачуваше со повреди, се наоѓа на радарот на ПСЖ и има шанса да се врати во татковината.
Фудбалерот, Оливие Жиру, кој вчера го постигна победничкиот гол против Англија и ја однесе Франција во полу-финалето на Мундијалот во Катар, вели дека неговата селекција одиграла одличен натпревар. „Чувството е фантастично. Победивме одлична селекција која има голем потенцијал“ – вели голгетерот на „триколорите“. „Одигравме добро во одбраната а кога беше потребно ги искористивме нашите шанси“ – потенцираше Жиру по вчерашната победа против „Гордиот Албион“.
Капитенот на Англија, Хари Кејн, кој вчера во финишот на мечот со Франција не успеа да погоди од белата точка кога противникот имаше предност од 2:1, вели дека ја презема одговорноста за елиминацијата на Островјаните од Мундијалот во Катар. Тој прво реализираше удар од белата точка во 54. минута но, потоа го промаши вториот пенал што беше пресудно за елиминацијата на Англија. „Не сум некој што размислува премногу, се подготвувам за пенал како и сите други. Тимот не е виновен за ништо јас ја преземам одговорноста“ – вели Кејн.
