Весникот –„Марка“, објави дека Кристијано Роналдо, ќе потпише договор за две и половина години со екипата на Ал Наср од Саудиска Арабија. Португалскиот фудбалер ќе заработува по 200.000.000 милиони долари за една сезона што значи дека ќе инкасира повеќе од половина милијарда. Тој пред почетокот на Мундијалот ја прекина соработката со Манчестер Јунајтед откако во интервју упати серија критики кон челниците и соиграчите. Договор на Роналдо со Ал Наср ќе му донесе и приходи од најавените реклами.
Author: dino
Капитенот на Полска, Роберт Левандовски, по елиминацијата од Франција на Светското фудбалско првенство во Катар, вели дека противникот сосема заслужено продолжил понатаму. „Одигравме навистина тежок натпревар. Се боревме, можеби ако први дадевме гол ќе се сменеше текот на мечот. За жал, примивме еден во финишот на полувремето“ – вели Левандовски. „ Ја исполнивме целта со пласманот во нокаут фазата но, сакав да останам подолго на Мундијалот. Физички не се плашам од настап на уште едно Светско првенство“ – вели Левандовски.
Селекторот на полскиот национален тим Чеслав Михњевич, изјави дека не постои начин да се сопре францускиот фудбалер Килијан Мбапе. Напаѓачот на ПСЖ имаше два гола и една асистенција и беше човек за одлука на вчерашниот меч со Полјаците. „Како тренер, не постои магичен рецепт да се сопре Мбапе. Фантастичен играч и не тераше многу да грешиме“, рече Михњевич. Тој не крие дека е задоволен од ефектот бидејќи Полска по цели 36 години успеа да ја помине групната фаза.
Селекторот на фудбалерите на Хрватска, Златко Далиќ, ќе мора да направи принудна замена во првата постава откако бекот Соса неколку дена има покачена телесна температура и нема да може да игра денеска против Јапонија. „Нема да ставаме играч кој не е подготвен. Потребни се играчи кои можат да истрчаат километри како против Белгија и Канада“ – вели селекторот на „коцкестите“. „Ако Соса не може, тука е Борна Баришиќ кој може достојно да го замени“- – изјавил Далиќ за „ХРТ“.
Репрезентативецот на Англија, Фил Фоден , кој вчера беше прогласен за играч на мечот против Сенегал, вели дека „Гордиот албион“ го очекува тежок меч со Франција во четврфинато на фудбалскиот Мундијал во Катар. „Франција досега покажа најмногу, тие се силен тим. Ние веруваме дека имаме квалитет“ – вели Фоден. Мечот меѓу „триколорите“ и Англичаните ќе биде одигран наредната сабота во вечерниот термин од 20.00 часот.
Претседателот на Франција, Макрон, се покажа како одличен прогнозер. Тој пред средбата меѓу „триколорите“ и Полска рекол дека Мбапе и Жиру ќе постигнат голови за неговата земја додека Лавандовски ќе даде гол за Полска. Предвидувањата на Макрон се остварија не вчерашниот меч кога Французите успеаја да слават со три еден и да продолжат во наредната рунда. Бранителот на светскиот трон сега го очекува пресметка со Англија.
Селекторот на Бразил, Тите, потврди дека големата ѕвезда на тимот Нејмар, веројатно ќе може да игра утре како стартер во осминафиналето на СП против Јужна Кореја. Како што е познато, напаѓачот на Мундијалот во Катар ги пропушти натпреварите со Швајцарија и Камерун поради повреда на скочниот зглоб која ја доби на мечот со Србија. „Нејмар ќе тренира попладнево и ако е добар ќе игра утре. Не споделувам информации кои не се вистинити. Претпочитам секогаш да ги имам најдобри играчи од првата минута“ – вели Тите.
Фудбалерот на Шпанија, Родри, изјави дека „Фуријата“ извлекла поука од поразот од Јапонија и дека грешките од тој меч, нема да се повторат на средбата со Мароко во осмина-финалето на Мундијалот во Катар. „Сега започнува нова фаза. Секогаш анализираме што можеме да подобриме. Тренерот беше јасен, играчите ја презедоа одговорноста“ – рече Родри. „Мојата улога во тимот е да бидам бек. Противниците ни даваат малку простор. Имаме специфичен начин на игра“ – изјави Шпанецот.
Шпанија вчера загуби од Јапонија на Мундијалот во Катар и го освои второто место во групата. Иако пласманот во елиминациите е обезбеден, селекторот на „Фуријата“, Луис Енрике, не крие дека е разочаран од случувањата на дуелот со „самураите“. „За пет минути загубивме контрола на секој дел од теренот. Испаничивме и примивме два гола. Се пласиравме во осминафиналето на Светското првенство, нема друга причина за славење“ – вели Енрике.
Алесандро Дел Пјеро изјави дека нема да ги коментира информациите кои го поврзуваат со враќање во фудбалскиот состав на Јувентус. Легендата на „старата дама“ беше потенциран од медиумите како можен наследник на Павел Недвед на потпретседателското место во клубот. „Јувентус е дел од мојот живот и поради мојата историја секогаш ќе бидам поврзан со него“ – напиша Дел Пјеро на профилот на социјалните мрежи.
