Author: dino

УЕФА отвори формална истрага против Јувентус поради потенцијални прекршувања на правилата за лиценцирање на клубови и финансискиот фер-плеј. Обвинителите во Торино го истражуваат сметководството и сметките од финансиските пазари во последните три години.Тие ги проверуваат вредностите што им се припишуваат на трансферите на играчите меѓу клубовите и дали клубот навистина ги исплатил платите што ги објавил јавно за време на пандемијата „COVID-19“. Во почетокот на годинава, Јувентус беше меѓу осумте клубови кои се договорија со УЕФА откако не ги исполнија финансиските услови за рентабилност од минатата сезона.

Read More

Репрезентативците на Уругвај денеска мора да победат против Гана за да ги задржат шансите за пласман во наредната рунда на фудбалскиот собир во Катар. Нивниот селектор, Диего Алонсо, вели дека светските шампиони од 1930 и 1950 година сами си ја решаваат судбината. „ Треба да ја вратиме самодовербата со која игравме во минатото. Дури и на пријателските натпревари играме со ентузијазам и динамика и треба да го вратиме тој стил“ – рече Алонсо. „Верувам во моите играчи. Имаме шанса да одиме понатаму и очекувам дека ќе ја искористиме“ – потенцира селекторот на Уругвај.

Read More

Некогашниот фудбалски репрезентативец на Германија, Бастијан Швајнштајгер, вели дека играчите се виновни за елиминацијата од Светското првенство во Катар. „Одговорноста е на играчите. Навистина сум разочаран и шокиран “ –изјави Швајнштајгер кој со „панцирите“ ја освои светската титула во 2014 година. „Ја немаше посакуваната борбеност и активност. Разочарувачки за сите нас“ – изјави Швајнштајгер.

Read More

Мароканскиот фудбалер , Ашраф Хакими, не крие дека е пресреќен по пласманот во осмина-финалето на Муднијалот во Катар. Неговата селекција вчера славеше против Канада со 2:1 и го продолжи престојот на големиот фудбалски настан. „Завршивме фантастична работа.Од првиот ден верувавме дека можеме да направиме позитивни работи. Заслуживме да испишеме историја“ – вели Хакими. Составот од Африка во елиминациите ќе се сретне со Шпанија. Мечот ќе биде одиграв во вторник од 16.00 часот. 

Read More

Селекторот на фудбалерите на Германија, Ханси Флик, откако не успеа да ја помине групната фаза на Мундијалот во Катар, најави дека допрва ќе размислува дали ќе остане на кормилото на „панцирите“. Германците во групата со Шпанија, Јапонија и Костарика го освоија третото место и си ги спакуваа коферите. „Брзо ќе донесеме решение. Во моментов по елиминацијата, тешко е да се каже. Ќе мора да направиме анализа каде погрешивме и да тргнеме во друга насока“ – вели Флик.

Read More

Аргентина и Полска од групата „Ц“ и Франција и Австралија од групата „Д“ обезбедија место во елиминациската фаза на фудбалскиот Мундијал во Катар. „Гаучосите“ предводени од Лео Меси успеаја да ја победат Полска со 2-0 во последното коло и да го запоседнат врвот додека Полјаците се протнаа низ иглени уши во наредната рунда откако Мексико ја совлада Саудиска Арабија со 2-1 но, поради послабата гол-разлика остана на третата позиција. Во групата „Д“, Франција загуби од Тунис со 1-0 но, како прва оди во наредната фаза. Австралија пак, оствари голема победа против Данска и си го продолжи престојот во Катар. Сега…

Read More

Селекторот на фудбалерите на Германија, Ханси Флик, не планира да поднесе оставка дури и ако неговата репрезентација испадне уште групната фаза на Мундијалот во Катар. „ Имам договор до 2024 година, се радувам на домашното Европско првенство, но дотогаш има многу време. Сега не размислувам за оставка“ вели Флик. „Сега не очекува последниот меч и мораме да постигнеме брз гол. Во секој случај ќе биде тежок меч против Костарика“ – нагласи на средбата со новинарите селекторот на „панцирите“.

Read More

33-годишниот фудбалер на Лос Анџелес, Герет Бејл кој со неговиот Велс е елиминиран од Мундијалот во Катар, ги негира најавите дека ќе се повлече од селекцијата. „Ќе продолжам додека можам и добивам повик. Тежок момент но, не се откажувам. Квалификациите за ЕП почнуваат во март и се надевам дека ќе бидам таму” – изјави Бејл и се насочи на настапот на СП. „Не ги оправдавме очекувањата но, мораме да бидеме горди и задоволни. Бевме на голем фудбалски настан“ – потенцираше првата ѕвезда на Велс.

Read More

Фудбалерот, Кристофер Нкунку од РБ Лајпциг, е блиску до преселба во Челзи, според авторитетниот италијански новинар Фабрицио Романо. Веста ја објавија и повеќе од британските медиуми. Според информациите, трансферот ќе биде вреден 60 милиони евра и ќе стапи на сила од јуни во 2023 година, бидејќи германскиот клуб ја прифатил понудата на „сините“. Францускиот фудбалер се повреди во последен момент и остана надвор од составот на Франција за Светското првенство.

Read More

Селекторот на фудбалерите на Србија, Драган Стоковиќ- Пикси, вели дека проблемите со повредите и натаму му создаваат проблeми на Мундијалот во Катар. Неговите играчи денеска ремизираа со Камерун 3:3 и максимално си ја искомпликуваа ситуацијата. „Имавме повторно проблем, два централни стопери ни бараа измени и моравме да реагираме. Немаме среќа со тие повреди, здравствениот билтен не загрижува“ – вели Стојковиќ. „Фрустриран сум поради резултатот, имаше убави акции, посебно за третиот гол но, тогаш дојдоа двата гола на Камерун. Штета , поради грешките останавме без победи“ – изјави Стојковиќ.

Read More