Author: dino

Фудбалерите на Австралија денеска го совладаа Тунис со 1:0 во рамките на второто коло во групата – „Д“ на Мундијалот во Катар и направија голем чекор кон фазата на елиминации. Натпреварот го реши погодокот на Дјук со глава во 23 минута по одлично нафрлена топка во шеснаесетникот. За популарните „кенгури“ тоа е трета победа во историјата на Светските првенства. Во групата денеска ќе биде одигран и мечот меѓу Франција и Данска но, без разлика како ќе заврши, Австралија во последното коло против Данците сама си ја крои судбината.

Read More

Фудбалерот, Енер Валенсија, кој досега ги постигна сите голови за Еквадор на Мундијалот во Катар, вели дека на вчерашниот меч со Холандија играл повреден. „Малку ме боли, играв и покрај болките, се надевам дека до натпреварот против Сенегал ќе бидам подобро“ – потенцираше напаѓачот на Еквадор. Неговата селекција и Холандија го делат првото место со четири бодови, Сенегал има три а Катар е последен без бод. Во последното коло во вторник, Еквадор ќе игра со Сенегал додека „лалињата“ ќе излезат на мегдан со домаќинот на Мундијалот.

Read More

Селекторот на Мексико, Херардо Мартино, пред мечот со Аргентина кој ќе биде решавачки за двете земји за пласман во фазата на елиминации, вели дека не очекувал таков развој на настаните во групата. Мексиканците на стартот ремизираа со Полска а четата на Меси претрпе сензационален пораз од Саудиска Арабија кој максимално ги искомпликува работите во групата „Ц“. „Кога го видовме распоредот, не размислувавме за такво сценарио. Сега доаѓа клучен натпревар како за нас така и за нив“ – потенцираше Мартино кој потекнува од Аргентина и на времето му беше тренер на Лео Меси.

Read More

Хироки Сакаи еден од најдобрите дефанзивци во редовите на селекцијата на Јапонија на Мундијалот во Катар, може да го пропушти утрешниот меч против Костарика во рамките на второто коло. Тој се соочува со повреда на бутот и затоа ќе мора да се сочека одлуката на лекарите дали ќе може да настапи за „самураите“. Јапонија по првата рунда направи сензација со победата против Германија и има шанса да избори пласман во нокаут фазата. „Не се чувствувам лошо но, конечната одлука ќе ја донесе тренерот. Ќе разговарам со него и со лекарите“ – беа зборовите на Сакаи.

Read More

Герет Саутгејт, селекторот на Англија, вели дека е задоволен по вчерашното реми со САД бидејќи неговите фудбалери се на еден чекор до пласманот во фазата на елиминации на Светското првенство во Катар. „Беше тешко бидејќи игравме против добар противник кој е исклучително физички подготвен. Мислам дека добро го контролиравме мечот“ – изјави. Саутгејт. Во последното коло Англија ќе оди на мегдна со Велс додека Иран ќе игра со САД.  Англија е прва во групата со четири бода, Иран е втор со три, Американците имаат два а Велс е последен со еден бод.

Read More

Фудбалерите на Аргентина по шокантниот пораз од Саудиска Арабија на стартот на Мундијалот во Катар, денеска немаат право на грешка на мечот со Мексико во рамките на второто коло во групната фаза. Нивниот селектор, Лионел Скалони, вели дека сите мора да ја заборават претходната средба и да размислуваат само за победа „ Мора да завртиме нова страница. Мислам дека сме подготвени за тоа. Фудбалерите знаат што ги очекува. Извлековме поука од поразот“ – потенцираше Скалони пред денешниот меч кој ќе започне од 20.00 часот.

Read More

8 голови на четири средби донесе петтиот ден на Светското фудбалско првенство во Катар. Португалија, Бразил и Швајцарија, стигнаа до првите победи а Кристијано Роналдо влезе во историјата како прв играч што постигнал најмалку еден гол на пет последователни Мундијали. Во групата „Г“, Бразил славеше против Србија со 2:0 со головите на Ришарлисон додека Швајцарија го победи Камерун со 1-0 со голот на Емболо, кој има корени од африканската земја и затоа не покажа радост. Во групата „Х“, Португалија ја совлада Гана со 3:2. За составот од Пиринеите погодија Роналдо (пенал), Жоао Феликс и Леао додека за Гана стрелци беа…

Read More

„Старата дама“ во текот на зимскиот трансфер период ќе се обиде да се засили на позицијата десен бек, најавија медиумите во Италија. Како потенцијални засилувања се гледаат: Јоаким Мален од Аталанта, Синого Вилфрид од Торино и Емил Холм од Специја.  Што се однесува до играчите од другите лиги, Јуве е заинтересиран за португалскиот дефанзивец на Валенсија, Тиери Кореја и 18-годишниот Шпанец на Валјадолид, Иван Фрешед. Кудрадо во тековното италијанско првенство одигра 14 од 15 натпревари и забележа 3 асистенции.

Read More

Најголемата технолошка компанија во светот – „Apple“ ќе биде сериозен кандидат за купување на Манчестер Јунајтед откако семејството Глејзер објави, дека е подготвено да ги продаде „црвените ѓаволи“. Англиските медиуми тврдат дека  технолошкиот гигант  кој никогаш немал учество во спортски клуб, планира да плати 5,8 милијарди за Јунајтед. Годишните приходи на компанијата изнесуваат околу 326 милијарди фунти.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, ја продолжи соработката со „граѓаните“ до летото во 2025 година, потврди англсикиот состав на официјалниот веб-портал. „Многу сум задоволен што останувам во Манчестер сити уште две години. Во клубот се чувствувам среќно и удобно. Сè уште имам чувство дека можеме повеќе да постигнеме заедно и затоа сакам да останам и да продолжам да се борам за трофеи“ – изјави Гвардиола за клупскиот сајт. Шпанецот кој освои четири титули во Премиер лигата има 271 победа на 374 мечеви.

Read More