Author: dino

Капитените на Англија, Велс, Белгија, Данска, Германија и Холандија, сепак, нема да носат капитенски ленти во боите на виножитите како поддршка за  – „OneLove“ кампањата за ЛГБТ правата откако ФИФА потврди дека тие ќе добијат жолт картон ако носат вакви ленти. Националните федерации беа подготвени да ги платат финансиските казни на ФИФА, но, очигледно проценија дека псотои опасност да останат без нивните капите за продолжението на Мундијалот „ Исфрустрирани сме од одлуката на ФИФА. Нашите играчи и тренери се разочарани“ – се вели во нивното заедничко соопштение.

Read More

Селекторот на фудбалерите на Тунис, Жаел Кадри, се надева дека позитивен резултат против Данците ќе им даде дополнителен мотив на неговите избраници за натпреварите против Франција и Австралија. „Нашата група нема да биде лесна, ждрепката не беше поволна, изјави тој за новинарите денеска. „Данска е меѓу најдобрите селекции во Европа. Знаеме дека имаат висок квалитет во секоја линија. Ние ги имаме нашите силни страни а ги знаеме и нашите слабости“ – потенцираше  Кадри.

Read More

Макс Верстапен со болидот на Ред Бул, ја потврди титулата во Формула 1 со денешната победа на последната трка возена за Големата награда на Абу Даби. Холанѓанецот триумфираше по трет пат на патеката – „ Јас Марина“. Второто место го обезбеди членот на Ферари, Шарл Леклер а третото, Серхио Перез, вториот возач на Ред Бул. Во генералниот пласман, Верстапен , ја заврши сезоната со 454 бодови пред Шарл Леклер со 308 и Перез со 305.

Read More

Нашите најдобри фудбалери денеска загубија од Азербејџан со 3 спрема 1 на контролниот меч одигран на Арената во Скопје. Селекторот, Благоја Милевски, излезе со комбиниран состав во кој имаше повеќе играчи што досега не добиваа голема минутажа. Македонија поведе со голот на Барди од пенал во 25 минута а изедначувањето дојде во 38-та преку Џафаргулиев. Головите за победа на гостите ги реализираа:  Гурбали во 65-та и Шејдаев во финишот на мечот.

Read More

Фудбалерите на Англија ќе поделат вкупно 13 милиони фунти доколку го освојат Светското првенство во Катар. Тоа е речиси двојно повеќе од ветено за претходниот Мундијал. Само селекторот на „Гордиот Албион“, Герет Саутгејт, ќе добие бонус од три милиони фунти. ФИФА објави дека шампионот ќе добие 35-ет а вториот учесник во финалето – 25 милиони фунти. Тие суми ќе бидат уплатени кај федерации кои сами ќе одредат колку проценти ќе пренасочат кон репрезентативците и стручниот штаб.

Read More

Репрезентативецот на Португалија, Рубен Невес, на денешната средба со новинарите во Катар, вели дека неговиот соиграч, Кристијано Роналдо, е во импресивна форма. Невес, кој игра за англискиот Вулверхемптон, потполно ги отфрли шпекулациите дека 37-годишниот Роналдо не е во оптимална форма поради неговите проблеми во Манчестер Јунајтед. „Никој во тимот не е загрижен за неговата состојба. Ако бидеме доволно добри како тим, Кристијано ќе биде феноменален“ – изјави Невес.

Read More

Селекторот на Белгија, Роберто Мартинез, нема да ризикува со напаѓачот, Ромелу Лукаку и ќе го изостави од списокот за првите два меча со Канада и Мароко на Светското првенство во Катар. Црномурестиот играч  кој е најдобриот стрелец кај „црвените ѓаволи“ со 68 голови на 102 средби, се уште не е фит од повредата заработена во дресот на Интер. Медиумите наведуваат дека Лукаку може да биде на спискот дури за средбата со Хрватска на 1 декември во последното коло по групи. 

Read More

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, во обид да ја оправда одлуката на Катар да му се додели органзиацијата на Светското првенство, изјави дека и Северна Кореја може да биде домаќин на Мундијал. „ФИФА е глобална фудбалска организација, ние сме фудбалски луѓе а не политичари. Сакаме да ги зближиме луѓето. Секоја земја може да биде домаќин на фудбалски настан“ – вели Италијанецот. „Сè уште сум убеден дека Светското првенство во Катар ќе ги отвори очите на многу луѓе во западниот свет кон арапскиот“ – потенцираше првиот човек на светскиот фудбал.

Read More

Селекцијата на Бразил која се наметнува меѓу главните фаворити за освојување на пехарот на фудбалскиот Мундијал во Катар, последна пристигна во земјата на Истокот. „Кариоките“  откако ги финишираа подготовките во Торино, доцна синоќа слетаа на аеродромот во Доха. Бразил со пет титули е рекордер на светските шампионати. Јужноамериканците последен пат се искачија на светскиот врв во 2002 година во Јапонија и Јужна Кореја откако во финалето ја совладаа Германија со 2-0.

Read More

Првиот напаѓач на француската фудбалска репрезентација, Карим Бензема, дефинитивно нема да настапи на Мундијалот во Катар. Играчот на Реал Мадридја обновил повредата на бутниот мускул на еден од тренинзите и затоа ќе мора да го гледа Светското Првенство на малите екрани. Освојувачот на – „Златната топка“ за целата ситуација се огласи преку социјалните мрежи. – Во животот никогаш не сум се откажал но, морам да го отстапам моето место на некој што може да му помогне на тимот, напиша Бензема.

Read More