Фудбалерот на Челзи, Мејсон Маунт, може да добие понуда да се пресели во Ливерпул или во Јувентус доколку не го продолжи договорот со „сините“ кој му истекува за 18 месеци. 23-годишниот играч подолг период е во преговори со раководството на лондончани но, досега нема ништо конкретно. Сопствениците на Челзи не сакаат да останат без услугите на Маунт кој е еден од најслабо платените играчи во првиот тим.
Author: dino
Одбојкарите на Македонија кои третпат во низа ќе играат на Европско првенство денеска ќе ги дознаат противниците за првата групна фаза. Ждрепката е закажана во Неапол од 17 часот. Бидејќи Македонија ја доби честа да биде коорганизатор на престижниот настан заедно со Италија, Бугарија и Израел, нашата репрезентација е привилегирана и ќе биде извлечена од првиот шешир. ШЕШИР 1: Италија, Бугарија, Македонија, ИзраелШЕШИР 2: Словенија, Полска, Србија, ХоландијаШЕШИР 3: Германија, Чешка, Франција, УкраинаШЕШИР 4: Турција, Финска, Белгија, ПортугалијаШЕШИР 5: Грција, Шпанија, Романија, ШвајцаријаШЕШИР 6: Данска, Црна Гора, Естонија, Хрватска На ЕП догодина од 28 август до 16 септември ќе учествуваат…
Напаѓачот на Манчестер Сити и на селекцијата на Норвешка, Ерлинг Халанд, призна дека има голема желба да игра на Светското првенство во Катар. „Секако, сакав да бидам на Светското. Сега ќе имам можност да ги опуштам телото и умот и да продолжам со тренинзите. Мојата цел е да се подготвам за вториот дел од сезоната“ – изјави Халанд. „Се надевам дека со Норвешка ќе можеме да го оствариме нашиот сон и еден ден да се пласираме на светско или европско првенство. Кои се фаворитите во Катар? Мислам дека тоа се Бразил, Аргентина, Франција и можеби Англија“ – потенцираше голгетерот на…
Новинарот, Фабрицио Романо, изјави дека Барселона има намера да продолжи со трендот да ангажира слободни фудбалери и затоа следи дури четворица кои настапуваат во премиер лигата. Тоа се Јуриј Тилеманс, Илкај Гундоган, Жоржињо и Н’Голо Канте кои веројатно ќе мора да побараат нова средина. – Знаеме дека Барселона ќе бара слободни играчи. Тоа е стратегија која им функционираше добро во изминатата година. Гундоган се уште размислува за иднината, Тиелеманс сигурно нема да потпише повторно со Лестер а Канте со Челзи“ – изјави Романо.
Поранешниот спортски директор на Рома, Валтер Сабатини, вели дека никој не смее да го отпише Јувентус од трката за титулата во Серија „А“ иако екипата од Торино заостанува 10 бодови во однос на лидерот Наполи. „Јувентус беше на чекор од бездна но, успеа да ги среди работите и да се врати на победничките патеки“ – вели Сабатини. „Во Серијата А ништо не се знае. Сите екипи играат добар фудбал без разлика каде се на табелата. Да се надеваме дека тие што ќе настапат во Катар ќе се вратат без повреди“ – изјави некогашниот директор на „римската волчица“.
Весникот – „Дејли мејл“, тврди, дека голманот на Челзи, Едуард Менди, сериозно размислува да си замине од клубот. Интернационалецот од Сенегал не е задоволен како се одвиваат работите на „Стемфорд Бриџ“ и планира да ја промени средината. Менди откако заработи повреда го загуби и првотимскиот статус. Во меѓувреме, се појавија шпекулации дека тренерот, Потер, сака да го доведе голманот на Брајтон, Роберто Санчез. Тој одлично ги знае квалитетите на 24-годишниот Шпанец и сака повторно да соработува со него.
Португалскиот фудбалер, Фабио Карваљо, откако не доби повик да настапи на Мундијалот во Катар, одлучи, да се повлече од репрезентацијата на „европските бразилци“. Младиот играч на Ливерпул преку смс-порака ги информирал челниците на португалскиот фудбал дека во иднина нема намера да прифати репрезентативен повик. 20-годишниот играч кој живее во Англија се надева дека ќе може да настапува за „Гордиот албион“ бидејќи играше за младинските селекции.
Фудбалерот, Кристофер Нкунку, заработи повреда на тренингот на Франција и нема да настапи на Мундијалот во Катар, објавија медиумите во Европа. Виновен за тоа е Едуардо Камавинга кој непромислено имаше жесток старт врз ѕвездата на Лајпциг. Тоа ќе му донесе проблеми на селекторот, Дидие Дешамп, бидејќи Нкунку е значан дел од репрезентацијата на „галските петли“. Дополнителните лекарски прегледи ќе го потврдат степенот на повредата на напаѓачот кој во текот на зимскиот трансфер период треба да замине во Челзи.
Светската фудбалска асоцијација објави дека ќе издвои вкупно 440 милиони долари кои ќе бидат распределени на репрезентациите учесници на Мундијалот во Катар. Победникот ќе добие 42 милиони долари додека вториот финалист ќе заработи 30. Селекцијата што ќе го освои третото место ќе добие 27 милиони долари. Годинава на Светското првенство ќе учествуваат 32 земји а како главни фаворити за пехарот се наметнуваат Бразил, Франција, Аргентина итн.
Фудбалерот од САД, Вестон Меккени веројатно ќе го напушти составот на Јувентус во текот на зимскиот трансфер период, најавуваат медиумите во Италија. Бидејќи Пол Погба ја санира полека повредата а Николо Фаџоли и Фабио Мирети играат континуирано добро, луѓето од Торино сакаат да се ослободат од Меккени. Црномурестиот играч кој беше купен од Шалке во 2021 година во тековнава сезона има 11 мечеви во Серија „А“ со ефект од 1 гол и една асистенција.
