Челниците на фудбалскиот состав на Арсенал одлучија да го поддржат менаџерот Микел Артета во трката за титулата во Премиер лигата на Англија. Тие ќе обезбедат сериозни средства за засилување на тимот во зимскиот преоден рок, најавија медиумите во Англија. „Топчиите“ засега се на челната позиција на табелата а нивната победа во лондонското дерби во текот на викендот дополнително ги подгрева надежите дека имаат квалитет да стигнат до пехарот.
Author: dino
Натпреварот од четвртфиналето во Купот на Македонија меѓу Шкупи и Шкендија е прекинат уште во 9. минута поради хаосот кој го приредија навивачите на Шкупи веднаш откако гостите поведоа со голот на Дашмир Елези. Играчот на тетовци по постигнатиот погодок испрати провокации кон навивачката трибина на Шкупи по што неколку домашни фанови влетаа на теренот и предизвика целосен хаос. Веднаш реагираше полицијата која успеа да ја стави целата ситуација под контрола а натпреварот беше прекинат. Чаирчани сега ќе очекуваат казна од ФФМ додека Шканедија со администартивна одлука треба да продолжи во наредната рунда.
Играчот од средниот ред на Ливерпул, Џејмс Милнер, може да настапи на денешниот меч со Дерби Каунти во Купот на Англија. 36-годишниот фудбалер не се појави на дуелот со Тотенхем во Премиер лигата но, сега ќе биде на списокот. Се очекува тренерот Јирген Клоп, да им даде шанса помладите – голманот Кевин Келахер, дефанзивците Калвин Ремзи и Нат Филипс како и Стефан Бајчетиќ. Мечот на „Енфилд“ ќе започне во 21.00 часот.
Десниот бек на Челзи, Рис Џејмс , поради повреда, нема да добие повик од селекторот на Англија, Герет Саутгејт и нема да настапи на Светското фудбалско првенство во Катар од 20 ноември до 18 декември, најавија медиумите на Островот. Менаџерот на „Три лава“ утре ќе го објави составот во кој ќе го нема 22-годишниот Џејмс кој не можеше навреме да се справи со повредата на десното колено. Тоа го потврди денеска и менаџерот на Челзи, Греам Потер. Џејмс има 15 натпревари за репрезентацијата на Англија.
Селекторот на нашите најдобри ракометарки, Љубомир Савевски, вели дека Романија не е на нивото на Франција и Холандија, но, утре ќе ја има улогата на фаворит во решавачкиот меч со Македонија за третото место на табелата. „Ние сме селекција составена од млади ракометарки, во некои сегменти бевме добри и се држевме добро, среќен сум за играта против Франција. Со Холандија имавме 28 изгубени топки“ – вели Савевски. „Романија не е на нивото со Холандија и Франција, сепак против нас ќе бидe фаворит. Не смееме да дозволиме во почетокот да направат гоелма предност“ – вели нашиот селектор.
Високите трошоци за енергија ги натераа италијанските организатори да ги преместат трките од Светскиот куп во крос-кантри скијање од центарот на Милано во планинското одморалиште Ливињо, соопшти ФИС. Италијанската федерација за крос-кантри скијање соопшти дека организирањето на спринтерските трки на 21 и 22 јануари ќе бара премногу енергија за производство и складирање на вештачки снег со оглед на очекуваните високи температури. ФИС изврши увид на патеката во Ливињо и ја одобри програмата која ќе се одржи на 21 јануари.
Манчестер Јунајтед продолжува внимателно да го следи напредокот на напаѓачот на Лил, Џонатан Дејвид. 22-годишниот фудбалски талент одамна го привлече вниманието на „црвените ѓаволи“кои планираат да испратат скаути да ги следат неговите настапи со тимот на Канада на претстојниот Мундијал. Д ејвид од почетокот на тековната сезона игра во одлична форма, има 9 гола и 1 асистенција на 14 натпревари во Лига 1. Фудбалерот има договор со Лил уште три години. Неговата трансферна вредност е меѓу 40-50 милиони евра.
Челниците на Њукасл размислуваат да го ангажираат офанзивниот играч на врска на Реал Мадрид, Еден Азар, најавија денеска медиумите во Англија. Новите богати сопственици на премиер-лигашот сакаат во јануари да ја испратат првата понуда за репрезентативецот на Белгија. Азар подолг период е „закован“ на клупата за резерви и веројатно ќе сака да се врати на Островот. Њукасл ќе се обиде прво да го ангажира на позајмица а потоа да го откупи неговиот договор.
Нашите најдобри ракометарки очекувано го претрпеа и вториот пораз на Европското првенство. Денеска загубивме од селекцијата на Холандија со 30 спрема 15. Во Арената Борис Трајковски еден од фаворитите за медал беше далеку подобар противник од избраничките на Савевски и сосема заслужено прокнижи два бода. Мечот беше решен уште кон средината на првиот дел кога холанѓанките направија голема предност од седум голови. Во нашиот табор Сара Ристовска беше најпрецизна со четири голови. В среда во последното коло од воведната фаза противник ќе ни биде Романија.
Италијанскиот национален антидопинг трибунал ги отфрли обвиненијата против дефанзивецот на Аталанта, Хозе Луис Паломино. 32-годишен Аргентинец во јуни падна на допинг тест откако во неговиот примерок беше пронајден анаболниот стероид нандролон. Играчот е времено суспендиран. Паломино се пресели во Аталанта во 2017 година од бугарскиот Лудогорец. Неговиот договор е до летото во 2023 година.
