Спортскиот директор на Наполи, Кристијано Џунтоли, призна дека во летото во 2020 година, клубот избирал меѓу Ерлинг Холанд и Виктор Осимен. Бидејќи Норвежанецот тогаш ја избра Борусија (Дортмунд), италијанскиот тим му плати на Лил 75 милиони евра за потписот на Нигериецот кој сега е најдобар стрелец во клубот. „Договорот со РБ Салцбург беше готов и требаше да ја платиме неговата откупна клаузула од 25 милиони евра. Тој и Осимен ни беа приоритети а кога Халанд ја избра Борусија, се насочивме кон Виктор“ – вели Џантоли.
Author: dino
Фудбалерот на Манчестер Сити, Илкан Гундоган, вели дека нема шанси да се пресели во Ливерпул иако гледа со пиетет кон тренерот на „црвените, Јирген Клоп. „Мислам дека можам да исклучам таков развој на настаните. Сите знаат колку го сакам и ценам Клоп но, јас сум долги години во Манчестер Сити„ – вели интернационалецот од Германија. „Сега кога сум и капитен на тимот, дали ќе се преселам во Ливерпул? Не, не можам да го замислам тоа“ – изјави Гундоган за весникот – „Kicker“.
Нашите најдобри кошаркари остануваат со максимален ефект во групата во претквалификациите за ЕП 2025 година. Тие денеска во Гевгелија успеаја да ја совладаат селекцијата на Данска во продолжение со 74 спрема 71 откако мечот во регуланиот дел заврши 64:64. Во нашиот табор Шортс забележа 13 поени а Војдан Стојановски имаше осум. Во последниот репрезентативен „прозорец“ во февруари ќе влеземе како лидери на табелата. Тогаш не очекуваат пресметките кај Словачка и Норвешка.
Тренерот на фудбалерите на Интер, Симоне Инзаги, не крие дека е пресреќен со денешната победа на теренот на Аталанта во рамките на Серија „А“. „ Добро е што направивме 6 победи во седум мечеви пред паузата за светското првенство. Секогаш е тешко да се игра во Бергамо. Лошо започнавме и примивме гол но, успеавме да направиме пресврт„ – вели Инзаги. „ Сега ќе поминеме 5-6 денови на Малта и ќе имаме 2 контроли. Потоа нашите играчи треба да се вратат од Мундијалот. Се надеваме дека тоа ќе се случи што е можно подоцна бидејќи тоа би значело дека тие ќе…
Филип Лам, кој беше капитен на фудбалската репрезентација на Германија, повторно изјави дека Катар не требаше да ја добие организацијата на Мундијалот. „ Хомосексуалците сè уште се прогонувани со закон. Жените немаат исти права како мажите. Има ограничувања на слободата на изразување и во медиумите“ – вели Лам. „Условите за работниците мигранти се ужасни. Фудбалот не е популарен во Катар и нема можност да го практикуваат ниту девојките“ – изјави Лам кој е на чело на Организацискиот комитет на Германија за претстојното Европско првенство во 2024 година
Селекторот на фудбалската репрезентација на Саудиска Арабија, Ерве Ренард, како мерка на претпазливост го избриша Фахд ал-Мовалад од списокот за Светското првенство во Катар. Бидејќи крилниот напаѓач беше позитивен на допинг тест во февруари, селекторот не сака да ризикува и на неговото место го повика неговиот соиграч , Наваф Ал-Абед. Саудиска Арабија на Мундијалот во Катар ќе биде во групата Ц заедно со Аргентина, Полска и Мексико.
Челниците на фудбалскиот состав Интер се обидуваат да го убедат дефанзивецот, Милан Шкринијар, да потпише нов договор, пренесува денеска – „Газета дело Спорт“. Тие сакаат репрезентативецот на Словачка да остане на стадионот – „Џузепе Меаца“ и по истекот на неговиот актуелен договор кој е до летото во 2023 година. Затоа му понудиле годишна плата од 6 милиони евра плус дополнителни бонуси. Во текот на летото за одличниот дефанзивец беше заинтересиран ПСЖ, но, италијанците не ја прифатија понудата.
Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, очекува неговиот тим да се врати на победите против Фулам во недела откако во претходното коло во Премиер-лигата загуби од Астон Вила. „Ќе биде навистина тежок натпревар. Фулам игра одлично и мораме да бидеме максимално фокусирани“ – вели Холанѓанецот. Диого Далот ќе отсуствува в недела поради суспензија додека Брендон Вилијамс и Арон Ван-Бисака остануваат надвор од екипата поради повреди.
Напаѓачот на Њукасл, Мигел Алмирон и менаџерот, Еди Хау, беа издвоени како најдобри за месец октомври во фудбалската елита на Англија. „Црно-белите“ се во одлична форма од почетокот на сезоната и се на третото место на табелата со 27 бодови од 14 натпревари. Тие во изминатиот месец забележаа пет победи во шест натпревари. Крилото Алмирон, кој постигна шест голови, за првпат во кариерата е прогласен за „играч на месецот“. Покрај тоа, парагвајскиот интернационалец ја доби и наградата за „Гол на месецот“.
На вонредна седница по повод инцидентот на денешниот натпревар Шкупи – Шкендија од 1/4 финалето од Купот на Македонија, Комисијата за натпреварување на ФФМ донесе одлука тимот на ФК Шкендија, службено со 3:0 да го добие натпреварот со ФК Шкупи. Теренот на ФК Шкупи, стадионот во Чаир, се суспендира за одигрување на првенствени и куп натпревари. ФК Шкупи се предава на Дисциплинска комисија на ФФМ. ФК Шкупи мора да пријави терен за одигрување на натпреварите како домаќин најмалку 100 километри оддалечен од стадионот Чаир во Скопје.
