Author: dino

Екипите на Барселона и Реал Мадрид не кријат дека се заинтересирани за фудбалерот на Баерн Минхен, Бенџамин Павард, кој неодамна најави, дека размислува да ја промени средината. 26-годишниот играч и во текот не летото сакаше да си замине од германскиот состав, но, челниците не му дозволија.   Сега ситуацијата е променета што значи дека Французинот ќе биде ставен на трансфер листата уште во јануари.

Read More

Со денешниот меч меѓу домаќинот Катар и селекцијата на Еквадор, ќе стартува фудбалскиот Мундијал кој ќе трае до 18 декември. Средбата ќе започне од 17.00 часот на стадионот – „Ал Бајт“  кој беше изграден минатата година и има капацитет од 60.000 седишта. На церемонијата на отворањето ќе настапат јужнокорејската поп-ѕвезда. Јунг Кук заедно со БТС и катарската пејачка Фахада Ал-Кубаиси. Тие ќе ја изведат песната – „Dreamers“, која е официјална химна на Мундијалот. Светското превенство во Катар ќе влезе во историјата бидејќи за прв пат се игра во последната третина од годината.

Read More

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром загубија со 101:97 на гостувањето кај ФМП во 7 коло во регионалната АБА-лига. Нашиот тим иако имаше голема негатива успеа да се врати во игра за победа, но, немаше среќа во завршницата. На крајот кај домаќинот Паулиус Валинскас имаше 19 поени додека кај „штрковите“ се издвоија  Мајкл Кефи и Страхиња Мичовиќ со по 18 кошеви. Тренерот на МЗТ Скопје, Александар Петровиќ, вели дека клучна причина за поразот бил слабиот скок. „Во третата четвртина се вративме од 15 поени негатива, дојдовме на еден кош до победа, немавме среќа во финишот. Причината за поразот ја гледам во…

Read More

Техничкиот директор на Арсенал, Еду Гаспар стана првиот спортски директор на лондончани во историјата, објави фудбалскиот клуб од Англија. -Среќни сме што можеме да објавиме дека Еду Гаспар е назначен за прв спортски директор на Арсенал“ – стои во соопштението на „топчиите“. Еду треба да направи спој меѓу работата во академијата и во сениорскиот тим.

Read More

Кристијано Роналдо ќе добие забрана да влезе во тренинг центарот на Манчестер Јунајтед откако ќе се врати од Светското фудбалско првенство во Катар. Воедно, „црвените ѓаволи“ ќе му го раскинат договорот и нема да му ги исплатат 20-те милиони колку што треба да добие до крајот на договорот во 2023 година. Според медиумите во Англија, луѓето од Манчестер Јунајтед се определиле на таков потег по контроверзното интервју на Португалецот кој упати грст критики кон управата, тренерот и соиграчите.

Read More

„Калчо Меркато“ објави, дека Наполи ќе се обиде да го ангажира тинејџерот на Удинезе, Симоне Пафунди, пред јануарскиот преоден рок. 16-годишниот фудбалер од средниот ред неодамна дебитираше за сениорската репрезентација на Италија на контролниот меч против Албанија. Иако Удинезе не размислува да се раздели со Пафунди, тимот од Неапол ќе направи обид да го купи. Пафунди за младинскиот тим на Удинезе има одиграно 36 средби со ефект од  9 голови и 15 асистенции.

Read More

Селекоторот на нашите најдобри фудбалери, Благоја Милевски, по пријателскиот меч со Финска кој заврши 1:1 на Арената во Скопје, вели дека повторно имавме проблем со реализацијата. „Имавме одлични прилики, мора да поработиме на тој момент. Задоволен сум од одрeдени работи но, има и такви што треба да ги поправиме. Не сум задоволен од целосната слика“ – вели нашиот селектор. „ Нашата филозофија е да играме напаѓачки и со висок пресинг. Затоа инсистирав да имаме тешки тестови, Финска е навистина квалитетна селекција“ -истакна селекторот Милевски.

Read More

Македонија и Финска одиграа нерешено 1:1 на пријателскиот меч на Арената – „Тоше Проески“ во Скопје. Пред речиси празни трибини, двете селекции имаа по едно полувреме кога станува збор за головите и шансите. Финците поведоа во првиот дел со голот на Атман во 37 минута по одлична контра додека изедначувањето го донесе Барди од пенал во 75-та.  Претходно Џани Алиоски беше соборен во шестнаесетникот. Македонија в недела исто така во Скопје ќе одигра контролен меч со Азербејџан.

Read More

На 13-тото издание на Globe Soccer – годишниот состанок посветен на операторите на трансфер пазарот, гостине е Златан Ибрахимовиќ кој чека да се врати на теренот во почетокот на 2023. Напаѓачот на Милан гледа кон иднината со сѐ поголема страст. „Младите играчи кои веднаш стануваат силни се привилегија на некои големи тимови кои имаат повеќе пари за трошење. Потоа им е лесно да напредуваат“ – вели Ибра. „Имам 41 година, да немав страст немаше да преживеам.  Сега сè оди брзо, секогаш морам да тренирам напорно, да закрепнувам и да се борам“ – вели Ибра.

Read More

Челниците на фудбалскиот состав Милан ќе се обидат да им ги продолжат договорите на двајца значајни првотимци – Бенасер и Рафа Леао, објавија денеска медиумите во Италија. Бенасер е мозок на екипата со неговите блескави партии  на средината на теренот додека Леоа е главниот реализатор кај „росонерите“. Двајцата имаат договори до 2024 година, но, челниците на тимот сакаат да ги задржат многу подолго.

Read More