Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар денеска од 19.30 со пријателски натпревар против Железничар ќе прослави јубилеј од 75 години постоење. Исто така и навивачката група на „црвено-црните“ популарните „Комити“, ќе прослават 35 години од формирањето. Мечот ќе биде одигран на арената во Скопје. Прослава ќе ја збогати и хорот на „Златното славејче” a влезот на трибините за родителите со деца ќе биде слободен,
Author: dino
Оливие Жиру кој постигна два гола за Франција против Австралија, сега има 51 погодок или идентична бројка со Тјери Анри. Само тие двајца имаат постигнато 50+ погодоци. Напаѓачот на Милан има шанси да стане најдобар стрелец во историјата на „триколорите“. Голем број навивачи влегоа без влезници на натпреварот од првото коло од групата А на Светското првенство во Катар меѓу Холандија и Сенегал, кој се одигра на стадионот „Ал Тумама“ бидејќи откажа системот за декодирање билети. По забраната за алкохол на стадионите, навивачите на Англија дојдоа до идеја како да шверцуваат алкохол на стадионите. Низ социјалните мрежи кружат фотографии од лименките со…
Семејството Глејзер го продава Манчестер Јунајтед кој го купија во 2005 година за повеќе од 750 милиони евра. „Додека ние продолжуваме да се обидуваме да му донесеме успех на клубот одборот на директори донесе одлука за темелна проценка на стратешките алтернативи“ – изјавија Аврам и Џоел Глејзер. Американската инвестициска компанија – „Рејн груп“, која управуваше со продажбата на Челзи во мај од 4,25 милијарди фунти ќе биде ангажирана како ексклузивен финансиски советник на „црвените ѓаволи“.
Репрезензтативецот на Франција, Оливие Жиру, по вчерашната победа против Австралија на стартот на Светското фудбалско првенство во Катар, изјави дека е задоволен од играта и резултатот. „Имавме добар ритам и самодоверба да направиме пресврт. Треба да играме подобро во воведот на мечот, не треба да се плашиме“ – потенцираше играчот на „Галските петли“. Франција по првата рунда е лидер во групата со 3 бода пред Данска и Тунис кои имаат по 1 додека „кенгурите“ се последни без бод.
Голманот на мексиканската фудбалска репрезентација, Гиљермо Очоа, беше најзаслужен за освоениот бод против Полска откако во 58 минута му одбрани пенал на Роберт Левандовски. „Со тренерот на голманите работевме изминативе две недели. Среќен сум што го одбранив пеналот на Роберт Левандовски и што не примивме гол. Знаеме колку нашите фанови ни даваат поддршка“ – вели Очоа. Мексико во втората рунда на 26 ноември ќе игра со Аргентина додека Полска ќе излезе на мегдан со Саудиска Арабија.
Селекторот на фудбалската репрезентација на Саудиска Арабија, Ерв Ренар, изјави дека во светот на фудбалот понекогаш се појавува лудило како што беше на мечот со фаворизираната Аргентина. „ Им честитам на моите фантастични играчи, секогаш им честитам и тоа го правам три години. Не смееме да заборавиме дека тие беа непоразени на 36 натпревари. Аргентина е актуелен шампион на Јужна Америка“ – вели Ренар. Саудиска Арабија е лидер во групата пред Мексико и Полска додека Аргентина е на последното место.
Фудбалерите на САД и Велс го одиграа првиот нерешен меч на тековниот Мундијал во Катар. Средбата во рамките на групата „Б“ заврши 1:1 откако видовме две различни полувремиња. Во првото, Американците имаа повеќе од играта и поведоа во 36. минута кога Кристијан Пулишиќ асистираше а Тимоти Веа, син на легендарниот освојувач на „Златната топка“, Џорџ Веа, го матираше противничкиот голман. Во вториот дел, Велс се фрли на една карта и успеа да дојде до изедначување во 82 минута. Герет Бејл прво беше соборен во шеснаесетникот а потоа успеа да погоди од белата точка. Во второто коло САД ќе оди на…
Фудбалерите на Холандија потешко од очекувањата славеа против Сенегал со 2:0 во првиот меч за двете селекции на Светското првенство во Катар. Избраниците на Ван Гал има повеќе од играта но, отпорот на противникот кој настапи без првата ѕвезда, Садио Мане, беше скршен дури во финишот на мечот. Во 84. минута Коди Гакпо погоди по центаршут на Френки Де Јонг додека во судиското продолжение Дејви Класен го постигна вториот гол. Во второто коло на 25 ноември, Холандија ќе игра со Еквадор кој во премиерата го совлада домаќинот Катар. Тогаш во вториот меч во групата „А“, катарците ќе излезат на мегдан…
Фудбалерите на Англија го прегазија тимот на Иран со 6:2 во првата денешна средба на Мундијалот во Катар. „Гордиот Албион“ во стартниот меч во групата „Б“, беше супериорен во речиси сите елементи на фудбалот и сосема заслужено ги прокнижи првите бодови. Џуд Белингем го отвори резултатот во 35 минута додека Букајо Сака погоди двапати (43′, 62′). Другите голови за победничкиот состав беа дело на Рахим Стерлинг (45’+1), Маркус Рашфорд (71′) и Џек Грилиш (90′). Двата гола за Иран ги постигна Мехди Тареми (65′, 90’+13′-пенал). Англија во второто коло ќе игра против САД додека Иранците ќе излезат на мегдан со Велс.
Шпанскиот фудбалски интернационалец од Манчестер Сити, Родри, вели дека Пеп Гвардиола имал големо влијание во неговиот развој. Тој не крие дека е импресиониран од работата на трофејниот стратег. „Гвардиола ме направи врвен играч. Тој ме научи како да делувам на теренот“ – вели Родри. Гвардиола кој го презеде кормилото на Манчестер Сити во 2016 година, досега успеа да освои четири титули во Премиер лигата.
