Виктор Давидовски ја заокружи најуспешната сезоната во кариерата со пласман на второ место во последниот настан од највисокото по ранг натпреварување во туринг трките, Гран при викендот во Џеда, Саудиска Арабија. „Направив грешка на стартот, едноставно притисокот беше преголем. За сите возачи беше нова патека и ново искуство со две трки во еден ден. Сите бевме принудени да тактизираме во првата, а потоа да дадеме сѐ од себе во втората, која воедно беше финале на сезоната„ – вели Давидовски кој сезонава настапуваше по петти пат во ТЦР Европа и успеа да стигне до првата победа на патеката – „Пол Рикар“.…
Author: dino
Олимпискиот шампион од Пекинг, Марко Одермат, ја оствари втората сезонска победа во светскиот шампионат во алпско скијање. Швајцарецот кој во изминатата сезона го освои Големиот кристален глобус, триумфираше во трката во супер-џи во канадското одморалиште Лејк Луис пред Норвежанецот, Александар Омод Килде и Австриецот, Матијас Мајер. Трката беше прекината на околу 20 минути откако швајцарскиот скијач, Мауро Кавицел, имаше лошо паѓање на патеката по што мораше да реагира лекарската екипа
Младиот напаѓач на Англија, Маркус Рашфорд, вели дека неговата селекција не заслужила свирежи од трибините на дуелот со САД бидејќи сите во тимот биле свесни дека не одиграле според очекувањата. „Кога победуваме, ние сме најдобриот тим во светот. Кога губиме, стануваме најлоши. Тоа е дел од фудбалот. Да бидам искрен, не ни требаа свирежите на нашите навивачи за да знаеме дека не игравме добро“ – вели Рашфорд. Англија сигурно ќе оди во осминафиналето под услов да не загуби со најмалку четири разлика од Велс.
Нејмар нема да игра за Бразил на денешниот меч со Швајцарија а селекторот на европјаните Мурат Јакин, вели дека тоа нема да влијае на неговата тактика која треба да донесе поволен резултат. „Тоа не менува ништо и не ни ја олеснува задачата. Го анализиравме противникот и улогата на секој играч на теренот. Знам дека дека Бразил има доволно играчи кои можат да го заменат Нејмар“ – вели Јакин. Бразил и Швајцарија по старните победи имаат по 3 бода додека Камерун и Србија се без бод.
Голманот на белградска Црвена Ѕвезда, Милан Борјан, посочи дека фудбалерите на светскиот вице-првак се господа а приврзаниците од трибините – примитивци. „Фудбалерите на Хрватска се господа. После мечот разговарав со Перишиќ и ми рече: ‘ајде победете го Мароко да одиме понатаму’ “ – рече Борјан. „Навивачите се примитивци. Слушав дека викаа, дека навредуваа, Изгледа имаат фрустрации дома “ – вели голманот на Канада.
Капитенот на белгиската фудбалска репрезентација, Еден Азар, по поразот од Мароко во второто коло од групата Ф на Светското првенство изјави дека тимот е разочаран и треба психички да се подигне. „Сите сме разочарани. Сакавме да се квалификуваме но, налетавме на многу добар тим на Мароко. Ќе мораме психички да се издигнеме, да се одмориме и да дадеме максимум против Хрватска“ – изјави Азар. Во групата Хрватска и Мароко имаат по 4 бодови, Белгија 3 а Канада е без бод.
Капитенот на Саудијска Арабија, Салман Ал Фарај, кој се повреди на мечот со Аргентина во првото коло на Мундијалот во Катар, ја напушти селекцијата и се врати во татковината. „Ерве Ренард му даде дозвола на капитенот Салман Ал Фарај официјално да го напушти кампот по проценката на лекарскиот тим дека повеќе нема да може да игра“, се вели во соопштението на националната федерација објавено на Твитер. Саудиска Арабија ќе мора да го победи Мексико во последниот натпревар од групата в среда за да обезбеди пласман во осминафиналето без разлика на исходот од натпреварот меѓу Полска и Аргентина.
Валид Реграги, ќе биде запишан во историјата како прв селектор од Мароко што обезбедил победа со неговата селекција на еден Мундијал. Мароканците денеска со 2:0 ја шокираа Белгија. Интересно е што Реграги го презеде тимот само три месеци пред Светското првенство бидејќи Вахид Халилхоџиќ имаше недоразбирање со дел од ѕвездите и беше отпуштен. Мароко до денеска имаше забележано победи врз Португалија 3:1 во 1986 година и во 1998 година против Шкотска 3:0 но, и двете под водство на странски ментори – Бразилецот, Хозе Фариа и Французинот, Анри Мишел.
Селекторот на Бразил, Тите, го изрази незадоволството од грубата игра на противничките фудбалери против ѕвездата на тимот – Нејмар. Како што е познато, напаѓачот на ПСЖ се повреди на воведниот натпревар против Србија /2:0/ и веројатно ќе ги пропушти последните два меча во групната фаза. „Ако сакате да го славите фудбалот, мора да внимавате на фаулите. Тие (противничките тимови) се фокусираат на одредени играчи. Тоа мора да се прекине“ – вели тренерот на „кариоките“.
Фудбалерите на Полска го запоседнаа првото место во групата „Ц“ откако денеска ја совладаа Саудиска Арабија со 2:0 во рамките на второто коло на Светското првенство во Катар. Зелински го отвори резултатот во 39 минута додека Левандовски во 82-та успеа за прв пат да се запише на листата на стрелците на Мундијалите и да ја потврди победата на неговата селекција. Саудиска Арабија можеше да изедначи од пенал во завршницата на првиот дел но, Шчесни го одбрани ударот на Ал Давсари. На табелата, Полска е лидер со 4 бодови, Саудиска Арабија има 3, Мексико 1 а Аргентина е без бод. Вториот…
