Потпретседателот на фудбалскиот состав Јувентус, Павел Недвед, не крие дека е задоволен од последните настапи на тимот во Серија „А“. „Игравме добро и не примивме гол. Има многу играчи кои се надвор поради повреда. Сепак, тие што добија шанса добро се прилагодија“ – вели Недвед. „Младите добија извонредна шанса. Добрата вест е што најдовме играчи кои можат да ни помогнат дури и по враќањето на Погба, Ди Марија, Киеза и Паредес“ –потенцира Недвед.
Author: dino
Нашата фудбалска У21 репрезентација набрзо ја очекуваат два контролни меча со Кипар и Србија.Селекторот Драган Канатларовски денеска го објави поширокиот список на фудбалери. Голмани: Марко Алчевски (Академија Пандев), Иван Николовски (Воска Спорт), Стефан Митрев (Беласица), Александар Ангелкоски (Тетекс); Одбрана: Александар Ѓурковски (Тиквеш), Антонио Јанкуловски (Вастра Фролунда, Шведска), Стефан Деспотовси (Штурм, Австрија), Андреј Стојчевски (Жилина, Словачка), Кристијан Тасевски (Аугсбург), Решат Рамадани (Шкендија), Виктор Крстевски (Гостивар); Среден ред: Алекс Златков (Шкупи), Иван Николов (Брегалница), Хамза Рамани (Победа), Димитар Тодоровски (Работнички), Лука Станковски (Газиантеп, Турција), Ване Крстевски (Академија Пандев), Леонид Игнатов (Скопје), Берат Калкан (Касимпаша, Турција), Бехар Фета (Воска Спорт), Методи Максимов (Работнички); Напад: Марио Илиевски (Кишварда,Унгарија), Луан Абази (Вил, Швајцарија), Христијан Малески (Струга Трим Љум);
Напаѓачот на Тотенхем, Сон Хенг – Мин, заработи повреда на мечот со Олимпик Марсеј во Лигата на фудбалските шампиони и ќе мора да оди на операција, потврди денеска англискиот состав. Тоа значи дека 30-ет годишниот играч на „спарси“ до паузата поради Светското првенство во Катар ќе мора да ги пропушти мечевите со Ливерпул и Нотингем Форест. – По операцијата, Сон ќе започне со рехабилитација со нашиот медицински тим“ – стои во соопштението на Тотенхем.
Англиската фудбалска легенда, Гери Невил, се обиде да прогнозира како ќе се одвива битката за титулата во Премиер лигата. Според него, во трката за првите четири места нема да завршат Челзи и Ливерпул. „Манчестер Сити и Тотенхем веројатно ќе бидат на врвот, таму го гледам и Арсенал“ – вели Невил. „ Мислам дека Сити, Арсенал, Тотенхем и Манчестер Јунајтед, ќе бидат во Топ 4 додека Челзи и Ливерпул едноставно ќе останат без пласман за ЛШ“ – потенцира Невил.
Реал Мадрид вчера го совлада Селтик со 5:1 а тренерот на „кралевите“, Карло Анчелоти, успеа да постави рекорд. Италијанецот го надмина легендарниот, Сер Алекс Феругсон по број на победи и сега има 103 во елитното натпреварување на Европа. Некогашниот пак, прв човек на клупата на Манчестер Јунајтед остана на 102. Сепак, одредени фактори не го признаваат ефектот на Анчелоти и остануваат на бројката од 102 победи бидејќи не го бројат службениот триумфот на Милан против Интер во сезоната 2004/05 откако мечот беше прекинат.
Младата фудбалска ѕвезда на ПСЖ, Килијан Мбапе, со 23 години, десет месеци и 13 дена, стана најмладиот играч во Лигата на шампионите кој стигнал до 40 голови. Тој со вчерашната реализација во мрежата на Јувентус го помина неговиот соиграч, Лео Меси, кој досега беше рекордер со 24 години, четири месеци и осум денови. Аргентинецот го држеше рекордот од 2011 година.
Англија и Германија со по четири екипи ќе бидат застапени во елиминациите во Лигата на фудбалските шампиони. Шпанија ќе го има само бранителот на европскиот трон Реал Мадрид. Три тима во нокаут фазата ќе има Италија. Тоа се Наполи на нашиот Елиф Елмас и составите од Милано- Интер и Милан. Честа на Португалија ќе ја бранат Порто и Бенфика. Франција го има ПСЖ а Белгија најпријатното изненадување, Клуб Бриж. Ждрепката за осминафиналето во Лигата на шампионите е закажана за 7. ноември. Првите мечеви ќе се играат на 14, 15, 21 и 22 февруари а реваншите на 7, 8 14 и…
Сопственикот на фудбалскиот состав Рома, Ден Фридкин, вложи уште 92 милиони евра во клубот. Така американскиот милијардер ја заврши операцијата за рефинансирање на долгот. Тоа резултираше со откуп на обврзници кои доспеваат во 2024 година во износ од 267 милиони евра. Операцијата е овозможена со привлекување пари од приватни американски инвеститори во износ од околу 175 милиони евра за замена на првичниот долг од 267 милиони. Остатокот (92 милиони) ќе го покријат сопствениците на клубот. Компанијата – „The Friedkin Group“ ја купи Рома во 2020 година за 591 милион евра.
Фудбалерот на Аталанта, Руслан Малиновски може да ја продолжи кариерата во Премиер конкуренцијата. За него се заинтересирани екипите на: Тотенхем, Вест Хем и Нотингем Форест. Италијанскиот клуб ќе биде подготвен да го пушти играчот за разумна цена. Неговиот трансфер се проценува на околу 15 милиони евра. Малиновски во тековната сезона во Серија А постигна 1 гол и направи 1 асистенција на 11 натпревари.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер денеска ќе го одиграат мечот против Агуаш Санташ во рамки од второто коло од Лига на Европа. Средниот бек, Марио Танкоски, вели дека противникот е одлично анализиран и дека очекува први бодови во новата европска сезона. „Агуаш Санташ игра типичен шпански ракомет. Агресивни се во одбраната, имаат брза транзиција а ние ќе мораме да ги намалиме техничките грешки. Победа многу ќе ни значи за да останеме во трката за нокаут фазата“ – потенцира играчот на Битолчани. Натпреварот на Пиринеите ќе го судат Денис Болиќ и Криштоф Хурих од Австрија додека делегат ќе биде Италијанецот, Марко…
