Author: dino

10.000 евра за исвиркување на химната на Бугарија и 4.500 евра за фрлање на предмети на теренот е казната која УЕФА ја изрече за ФФМ за настаните на натпреварот Македонија-Бугарија. Тоа значи дека нашата фудбалска федерација ќе треба да одвои вкупно 14.500 евра за сите немили настани на квалификацискиот меч што беше одигран на 26 септември во Скопје.  Нашиот репрезентативец, Тодор Тодороски, кој беше исклучен, ќе мора да паузира на еден натпревар.

Read More

Денеска беа потпишани неколку проекти кои ќе бидат реализирани од страна на тимот на –  „Арена Ринг Манагемент Промотион“,  предводен од лиценцираниот промотер од Македонија, Авдил Салиху. „За да бидете успешни во една работа, треба да имате соодветно искуство и нормално со текот на времето ќе можете да воспоставите контакти со менаџери и промотери од целиот свет. Сега дојде време да се организираат спектакли и во Македонија, започнувајќи од наредната година“ – вели Салиху. Тоа значи дека набрзо многу ѕвезди од профи-боксот ќе треба да допатуваат во нашава земја.

Read More

Кошаркарските состави на МЗТ Скопје и Работнички ќе треба да издвојат вкупно 30.000 денари поради неспортското однесувањето на нивните навивачи на градското дерби. Двата тима ќе платат по 8.000 денари за неспортско скандирање а Работнички дополнително ќе издвои  и 14.000  денари поради фрлениот факел и други меки предмети на паркетот. МЗТ Скопје доби само опомена бидејќи на опремата го немаше логото на федерацијата.

Read More

Јувентус откако испадна од Лигата на фудбалските шампиони, сите сили ќе ги насочи кон домашното првенство. Избраниците на Масимилијано Алегри утре ќе гостуваат кај Лече во потрага по третата последователна победа во првенството. „Поминаа само 11 кола, да се зборува за Скудетото е бесмислено. Наполи прави извонредни работи, истото се однесува и на Милан,  Лацио, Интер и Рома. Ние заостануваме“ – вели Алегри. „ Утре не очекува тежок натпревар. Лече се добро организирани и можат да бидат опасни “ – потенцираше тренерот на „старата дама“.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, верува дека Ерлинг Халанд може да се појави на утрешниот меч со Лестер во рамките на Премиер-лигата. Норвежанецот се повреди на мечот со Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите и остана во соблекувалната на полувремето.  Првиот голгетер на Сити досега има 17 погодоци на 11 мечеви во најсилната лига на Англија. „Тој се чувствува подобро. Ќе видиме како ќе му биде стапалото и потоа ќе одлучиме. Ако Ерлинг не е подготвен, Хулијан Алварез првата опција’ – потенцираше Гвардиола на денешната средба со новинарите.

Read More

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години денеска на тренинг центарот – „Петар Милошевски” го забележа и вториот пораз во квалификациската група 9 за место на Европското првенство. Избраниците на Вујадин Станојковиќ загубија од главниот фаворит во групата Франција 4-0.  Во вториот меч одигран на стадионот во Ѓореч Петров, селекцијата на Исланд го совлада Луксембург со 3-1. Во последното коло ние ќе играме против Луксембург додека „триколорите“ ќе излезат на мегдан со Исланѓаните.

Read More

Фудбалската федерација на Македонија на главниот стадион на тренинг центарот – „Петар Милошевски“ поставува нови рефлектори. Осветлувањето на стадионот сега ќе биде по сите стандарди на УЕФА што значи ќе може да се играат и меѓународни натпревари под рефлектори.  Стадионот главно го користеа младинските репрезентации на Македонија како и клубовите кои настапуваа во европските купови. Тие досега не можеа да играат во вечерни термини.

Read More

Сестрите Илина и Ева Соколовски нижат успеси во ритмичка гимнастика во шампионатот на Германија. Илина (16) на стартот на натпреварувањето кое извесен период беше во прекин поради ковид, успеа да се накити со бронза. Таа настапи во екипна конкуренција во Берлин. „Настапив со три точки, топка, чуневи и лента. Благодарејќи на високите поени во соло настапите, во наредниот месец ќе заминам заминувам за Леверкузен на интернационален настап“ – рече гордо Илина и се потсети на мигот во Софија кога имала можност да се запознае со нејзиниот идол. „Неочекувано пред мене се создаде олимпискиот победник од Израел,Ашрам. Јас се израдував и…

Read More

Италијанските медиуми објавија дека фудбалерот на Рома, Пауло Дибала, во текот на викендот ќе биде подложен на серија медицински тестови за да се утврди дали ќе може да настапи на Светското првенство во Катар. Фудбалерот заработи повреда при изведување на пенал на мечот со Лече на 9 октомври. Првичните проценки велеа дека Аргентинецот ќе мора да паузира најмалку 4 недели. Селекторот на „гаучосите“, Лионел Скалони, утре ќе го објави поширокиот состав за Светското првенство. На истиот веројатно ќе фигурира и Дибала иако неговиот настап ќе биде до крајот неизвесен.

Read More

Фудбалерот на Челзи, Матеo Ковачиќ, ведна по Мундијалот во Катар ќе добие понуда да ја продолжи соработката со „сините“. Неговиот   договор истекува за нешто повеќе од 18 месеци а линдончани планираат да го задржат за подолг период. На „Стемфорд Бриџ“ го гледаат Ковачиќ како играч кој е клучен за иднината на клубот. Тој беше купен од  Реал Мадрид во 2018 година за 45 милиони евра. За Челзи има одиграно 197 мечеви со ефект од 5 голови и 14 асистенции.

Read More