Author: dino

Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник, откри дека им предложил на челниците да се обидат да купат шест фудбалери помеѓу кои бил и Ерлинг Халанд. Норвешкиот голегетер во текот на летото ја напушти Борусија Дортмунд и се пресели во Манчестер Сити. Тој во досегашниот дел од сезоната постигна 17 погодоци во Премиерлигата. „Дискутиравме за играчи како Јошко Гвардиол и Кристофер Нкунку. Тука беа и Алваро Мората, Луис Диаз, Душан Влаховиќ и Ерлинг Халанд, кој тогаш се уште беше на трансфер пазарот. Клубот одлучи дека ќе прави реконстукција кога ќе биде поставен новиот тренер“ – изјави Рангник.

Read More

Поранешниот шампион во две тежини на УФЦ, Конор Мек Грегор, вели дека набрзо ќе се врати во рингот и дека ќе освои милиони. Ирецот кој подолг период не бил тестиран од ВАДА ќе може да се бори најрано во април или мај во 2023 година. „Напорно тренирам секој ден . Тоа ќе биде мојата  подготовка за враќање во кафезот. Ќе почнам да тепам луѓе за милиони долари. Лесна работа“ – напиша Мек Грегор.

Read More

Поништениот гол на Хари Кејн со помош на ВАР системот го спречи Тотенхем да слави на вчерашниот меч со Спортинг во Лигата на шампионите и да се промовира како сигурен паник во наредната фаза. Случувањата во судиското надополнување на мечот во Лондон крајно го изнервираа домашниот тренер, Антонио Конте, кој за неговата реакцијакај судиите заработи црвен картон. „Сакам да видам дали тие би имале храброст да донесат таква одлука против голем тим. Ќе повторам, погрешна одлука бидејќи топката беше пред Кејн. Тоа ни нанесе голема, голема штета“ – изјави Конте.

Read More

Денеска беа формирани двојките за четврфиналето во фудбалскиот Куп на нашава земја. Во таа фаза ќе влезат седум екипи од првата лига и Вардар како единствен второлигаш. Еве ги двојките за четвртфиналето: Македонија ЃП – Академија ПандевСилекс – Вардар, Струга Трим Љум – Брегалница и Шкупи – ШкендијаМечевите ќе бидат одиграни на 9 ноември од 14 часот.

Read More

Екипата на Челзи како лидер во групата Е во Лигата на фудбалските шампиони денеска ќе се појави кај австрискиот,  Салцбург кој има бод помалку на второто место на табелата. Победа за лондончани ќе значи пласман во нокаут фазата на турнирот. Тренерот на „сните“, Грим Потер, рече дека постои загриженост пред денешното гостување во Австрија. „Групата е крајно компликувана. Мора да се бориме со голема мотивација“ – нагласи тренерот на англискиот состав.

Read More

Манчестер Сити денеска ќа гостува кај Борусија Дортмунд во 5 коло во Лигата на фудбалските шампиони. Тренерот на англискиот состав, Пеп Гвардиола, изјави дека е среќен што уште еднаш ќе може да води екипа на стадионот – „Сигнал Идуна Парк“. Во минатото тоа го правеше додека беше дел од Баерн Минхен. „Сите знаат за атмосферата во Дортмунд. Таа е мотив да се игра таму. Среќен сум што ќе можам да се вратам на стадионот. Знаеме дека ќе биде тежок меч. Ние сме во осминафиналето а тоа е најзначајно за нас“ – изјави шпанскиот стратег.

Read More

Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, проценува дека Кевин де Бруин не ги покажува вистинските квалитети во тековнава сезона иако репрезентативецот на Белгија е лидер по бројот на асистенции. „Кевин може многу подобро. Разговаравме за тоа и тој самиот потврди. Свесен е дека не игра во најдобра форма“ – потенцира Гвардиола. Во летото во 2015 година Де Бруин му се приклучи на Манчестер Сити за клупски рекорд од 54 милиони фунти.

Read More

Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, застана во одбрана на Кристијано Роналдо кој е префрлен во вториот тим поради непромислениот потег на дуелот со Тотенхем кога пред време го напушти стадионот. „Се обидувам ги согледам работите од негова страна. Очигледно е дека ситуацијата во која се наоѓа му дојде „преку глава“. Tој е човек има недостатоци. Затоа сум на негова страна“, изјави Кин. „Денешниот фудбал е полн со фолиранти, тој не е еден од нив. Тој е играч од светска класа“ – потенцираше легeндата на „црвените ѓаволи“.

Read More

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ се израмни со легендарниот Вилд Чемберлен кога станува збор за направен троен ефект во НБА конкуренцијата. Тој на мечот со Оклахома постигна 19 пкошеви, 16 скокови и 13 асистенции со што стигна до 78-от трипл-дабл . Чемберлен и Јокиќ се  израмнети на шестото место на вечната листа. На чело е Расел Вестбрук кој 194 пати успеа да оствари трипл-дабл, втор е Оскар Робертсон (181) пред Меџик Џонсон (138), Џејсон Кид (107) и Леброн Џејмс (105).

Read More

Франческо Бањаја со денешната победа на трката во Малезија направи голем исчекор кон првата титулата во Мото Гран при шампионатот. Членот на Дукати практично му остави само теоретски шанси на најголемиот конкурент Фабио Кавартараро кој го пополни третото место на пиедесталот. Втор низ целта помина Бастијанин. Во топ 10 влегоа и Бецеки, Ринс, Милер, Маркез, Биндер, Зарко и А.Еспаргаро. Во генералниот поредок Бањаја има 23 поени предност Квартараро. Математика вели дека на лидерот ќе му треба само 1 бод на последната трка во Валенсија на 6. ноември за да се израдува на титулата.  

Read More