Франческо Бањаја со денешната победа на трката во Малезија направи голем исчекор кон првата титулата во Мото Гран при шампионатот.
Членот на Дукати практично му остави само теоретски шанси на најголемиот конкурент Фабио Кавартараро кој го пополни третото место на пиедесталот. Втор низ целта помина Бастијанин. Во топ 10 влегоа и Бецеки, Ринс, Милер, Маркез, Биндер, Зарко и А.Еспаргаро. Во генералниот поредок Бањаја има 23 поени предност Квартараро.
Математика вели дека на лидерот ќе му треба само 1 бод на последната трка во Валенсија на 6. ноември за да се израдува на титулата.