Author: dino

Македонската фудбалска репрезентација составена главно од играчи од домашното превнство денеска загуби на пријателски меч од Саудиска Арaбија со минимални 1-0. На мечот со Абу Даби единствениот гол падна во завршницата во 85 минута. Нашиот играч, Љупче Дориев, вели дека сме одиграле навистина одличен натпревар кој беше од затворен карактер. „Одигравме дисциплинирано од почеток, без да дозволиме противникот да наметне темпо или да создава сериозни шанси. Ние бевме добро позиционирани, опасни на моменти и штета што во самиот финиш не бевме наградени со добар резултат. Не беше досуден чист пенал. Секоја чест за моите колеги, од прв до последен, за…

Read More

Најтрофејниот кошаркарски клуб во Македонија, Работнички, од денеска има нов спонзор. Станува збор е компанијата за одржување игри на среќа – Видеолотарија Касинос Австрија (Државна Видеолотарија на Македонија) чија промоција како нов спонзор на тимот од Градски парк се одржа денеска.   Договорот со австриско-македонската компанија е постигнат по две недели  откако беше потврдена и соработката со српскиот – „МТел“. 15-кратниот шампион во последниве неколку години се соочува со голема финансиска криза и секоја нова соработка со спонозорите треба да помогне да се надминат проблемите.

Read More

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, не крие дека е загрижен поради честото насилство во аргентинскиот фудбал. Неодамна првенствен натпревар беше прекинат по судирите во кои загина еден навивач. Потоа Полицијата употреби солзавец надвор од стадионот за време на натпреварот меѓу Гимназија Ла Плата и Бока Јуниорс на 6 октомври а луѓето во паника го напушта стадионот. „Такви инциденти не треба да се случуваат. Фудбалот треба да биде чиста страст, радост и забава. Тоа што се случи е далеку од олицетворение на вистинските вредности на фудбалот“ – рече Инфантино.

Read More

Фудбалерот, Ромелу Лукаку, од вчера ги продолжи тренинзите со екипата на Интер. Тој би можел да му се стави на располагање на тренерот, Симоне Инзаги, за саботниот дуел со Фиорентина иако менаџерот го планира првично за решавачкиот дуел со Викторија Плзен во Лигата на шампионите. Белгиецот кој е надвор од терените од крајот на август поради повреда на мускулот, вчера доби дозвола од лекарскиот тим да се вклучи во подготовките.

Read More

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Томас Муниер, имаше успешна операција на скршеницата на јаболчната коска и ќе мора да паузира извесен период. Репрезентативецот на Белгија верува дека ќе може да настапи на Мундијалот во Катар иако ситуацијата е компликувана. 31- годишниот десен бек се повреди на мечот со  Хановер одигран во средата. „Милионерите“  објавија дека играчот е успешно опериран и дека нема да се врати на терените пред паузата за Светското првенство. Белгија на СП првиот меч ќе го има на 23 ноември против Канада. Во групата се уште Мароко и Хрватска.

Read More

Светскиот шампион во тешка категорија,Тајсон Фјури ќе се врати во рингот на 3. декември.Тој ќе ги вкрсти ракавиците со Дерек Чисора. Борбата е закажана и ја потврди самиот Фјури кој два пати досега го победил Чисора. Првата борба ја имаа во мај 2011 година кога Фјури победи со едногласна одлука на судиите. Три години подоцна Чисора ја предаде борбата. Двете борби се одржуваа во Лондон кој ќе биде домаќин и на трета пресметка и тоа на стадионот на Тотенхем.

Read More

Алфа Ромео води пред Астон Мартин со седум бодови во битката за шестото место кај конструкторите во Формула 1. Според Валтери Ботас, за неговиот тим ќе биде императив да освои бодови на викенд трката за ГН на САД. „Имавме многу добра конзистентност во почетокот на годината и редовно собиравме бодови.  Мораме да го обезбедиме шестото место што значи дека треба да освоиме бодови“ – изјави Ботас в пресрет на собирот во Остин. „Голем дел од нашите проблеми беа поради слабата работа во текот на зимата. Мислам дека сега научивме многу“ – вели Ботас.

Read More

Астон Вила по поразот од Фулам со 3-0 му врачи отказ на тренерот, Стивен Џерард. Иако легендарниот фудбалер претходно ја доби поддршката од челниците, последниот неуспех дефинитивно ја прели чашата и соработката е прекината. – Сакаме да му се заблагодариме на Стивен Џерард за напорната работа и посветеноста“ – објави тимот од Англија.   Екипата од Бирмингем допрва ќе го одреди наследникот на Стиви-Џи.

Read More

Кристијано Роналдо кој имаше непрофесионален потег на мечот со Тотенхем, нема да игра на дербито со Челзи откако тренерот, Тен Хаг, го изостави од списокот. Тој пред време го напушти тревникот на „Олд Трафорд“ и предизвика бурни реакции кај фановите. По целата ситуација Роналдо се огласи на социјалните мрежи. .„Како што тоа го правев во текот на цела моја кариера, живеам и играм со почит кон колегите, противниците и тренерите. Тоа не се промени. Јас сум истата личност и професионалец како и во претходните дваесет години. Наскоро повторно ќе бидеме заедно“ – напиша Роналдо.

Read More

Селекторот на германската фудбалска репрезентација, Ханси Флик, на 10 ноември ќе го објави составот за Светското првенство во Катар, соопшти Германскиот фудбалски сојуз. Селекторот може да одреди до 26 играчи за турнирот закажан од 20 ноември до 18 декември. На проширен список  кој до петок треба да се достави до ФИФА, може да се пријават и до 55 играчи. Тие што  ќе добијат повик треба да се соберат во Франкфурт на 13 ноември. Наредниот ден „панцирите“ ќе летаат за Оман а четири дена подоцна ќе заминат во Катар. Првиот натпревар на Германија на Светското првенство е на 23 ноември против…

Read More