Неколку екипи во Премиер лигата, наскоро би можеле да го променат менаџерoт . Иднината на Брендан Роџерс во Лестер е незивесна по крајно лошиот старт на сезоната. Астон Вила ја започна сезоната со големи очекувања и има тим полн со потенцијал но, разочара во во текот на шампионатот. Тоа го става под притисок менаџерот, Стивен Џерард. Во иста ситуација е и Ралф Хасенхут од Саутемптон. Медиумите во Англија дури ја доведоа во прашање и иднината на Јирген Клоп откако Ливерпул загуби многу бодови.
Author: dino
Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг побара од раководството да направи уште еден обид за да го ангажира Френки де Јонг во текот на зимскиот трансфер период. Цело лето „црвените ѓаволи“ го убедуваа Холанѓанецот да се пресели на „Олд Трафорд“, но, тој сакаше да остане во Барселона. Иако Јунајтед ги ангажираше Касемиро од Реал Мадрид и Кристијан Ериксен, Тен Хег има намера да притиска за Де Јонг со кого работеше во Ајакс.
Напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле, нема да се врати во игра пред јануари поради повредата што ја доби пред неколку дена на мечот со Удинезе во Серија „А“ , објави вечерва – „Газета дело спорт“. Напаѓачот на „римските орли“ има повреда на мускулот на левата надколеница и ќе мора ги пропушти мечевите со Рома, Аталанта и Јувентус како и остатокот од групната фаза во Лига Европа. Имобиле во изминатите пет години поради повреди пропушти само 13 натпревари.
Екипата на Аталанта има одличен старт на сезоната во Серија „А“. Тимот од Бергамо нема пораз во 10 кола и ја држи втората позиција на табелата веднаш за лидерот Наполи. Тренерот на италијанскиот состав, Жан Пјер Гасперини, вели дека неговиот клуб нема ресурси да се бори за шампионскиот пехар. „Светот на фудбалот притиска кон тимовите кои имаат повеќе фанови. Се чини дека првиот услов за да се биде конкурентен не е фудбалот туку бројот на навивачи. Ние со нашите ресурси не можеме да кажеме дека ќе се бориме за Скудетото“ – потенцира тренерот на Аталанта.
Фудбалерот на Јувентус, Федерико Киеза, кој нема одиграно натпревар од јануари поради тешката повреда на ногата, сака да се вклучи во тимот за мечот со Емполи кој треба да се одигра в петок. Според медиумите во Италија, тренерот на „старата дама“, Макс Алегри, не сака да ризикува и најверојатно нема да му ја исполни желбата на врвниот напаѓач. Стратегот на тимот од Торино сака прво Киеза да одигра меч за вториот тим па дури потоа да одлучи дали ќе го користи за наредните мечеви во Серија „А“ и ЛШ.
Францускиот елитен клуб Монпелје го отпушти тренерот, Оливие Дел Олио, по седмиот сезонски пораз. Клубот соопшти дека еден од помошните тренери, Ромен Пито, ќе биде времено главен на клупата до паузата за Светското првенство во Катар. Оливие Дал’Олио беше назначен за шеф на Монпелје во 2021 година на местото на Мишел дер Закаријан. Монпелје во тековнава сезона во домашниот шампионат има само четири победи во 11 кола.
Напаѓачот на Тотенхем, Хјун-Мин Сон, го зазеде 11-тото место на ранг-листата за – „Златната топка“. Тоа е најдобар ранкинг за фудбалер од Азија гледано во историјата. Јужнокорејскиот интернационалец одигра 45 натпревари со ефект од 24 голови и 8 асистенции. Тој е активен во европскиот фудбал од неговата 16-та година а дебитираше во дресот на Хамбургер. Во 2013 година се пресели во Баер (Леверкузен) а по две сезони потпиша со Тотенхем во Премиер лигата.
Македонскиот возач, Виктор Давидовски, со неговата екипа – „Cometoyou Racing“, стана екипен шампион во серијата на ТЦР Европа со вкупно 648 поени. Покрај нашиот возач во тимот се вклучени и Џиролами, Паулсен, Бутл и Коронел. Македонецот во белгискиот тим ја имаше најуспешната сезона во кариерата. Заврши на 12 место од 33 возачи колку што се појавија сезонава на стартот на „TCR Europe“. Тој е првиот Македонец што триумфирал во таа конкуренција откако победи на трката во Франција во почеток на сезoната. Ќе потенцираме дека Давидовски одличната сезона ја круниса и со „Дајмонд“ трофејот кој му се доделува на најдобропласираниот возач…
Фудбалерите на Арсенал вчера славеа на теренот на Лидс со минимални 1-0 со голот на Букајо Сака постигнат во првото полувреме. Во крајно интензивен меч, домаќинот имаше поништен гол и промашен пенал. Во една спорна ситуација „ВАР“ одлучи дека Лидс нема да добие шанса и за втор удар од 11 метри. Затоа тренерот на „топчиите“, Микел Артета, вели дека е задоволен од трите бода кои му овозможија на неговиот тим да направи поголема предност на чело на табелата пред Манчестер Сити. „ Му одавам признание на Лидс за второто полувреме, направивме многу грешки, не можевме да најдеме ритам но, најдовме…
Тренерот на фудбалерите на Лацио, Маурицио Сари, не крие дека е разочаран по вчерашното реми без голови со Удинезе во рамките на Серија „А“. Неговиот тим одигра очајно во нападот откако најдобриот голгетер, Чиро Имобиле, мораше да го напушти теренот поради повреда уште во првото полувреме. „Игравме против најлошиот можен противник, физичка свежа екипа во периодот во кој ние игравме три натпревари во седум денови. Теренот беше крајно лош“ – вели тренерот на „римските орли“.
