Екипата на Лестер е заинтересирана за фудбалерот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Дони ван де Бек. 25-годишниот Холанѓанец останува во континуитет на клупата а тоа сакаат да го искористат „лисиците“ и да го ангажираат во текот на зимскиот преоден рок. Тренерот, Брендон Роџерс, не крие дека сака да го ангажира ВанДе Бек и дека е подготвен да им понуди на „црвените ѓаволи“ 15 милиони евра. Играчот од средниот ред беше купен од Ајакс во 2020 година за големи 40 милиони евра.
Author: dino
Фудбалерите на Рома денеска ќе гостуваат кај Бетис во новата рунда во Лигата на Европа. Во италијанскиот тим ќе нема неколку играчи меѓу кои влегува и првата ѕвезда, Паоло Дибала. Тренерот на „волчицата“, Жозе Мурињо, вели дека мора да се носи со проблемите. „Научив да плачам помалку отколку порано. Може да се каже дека има премногу натпревари а богатите клубови се привилегирани“ – потенцираше Специјалниот. „Помалку богатите играат исто толку често колку и богатите клубови но, без можности да направат промени. Тоа е ситуацијата во која се наоѓам“ – вели Португалецот.
Тренерот на Барселона, Чави Ернандес, е крајно разочаран по ремито со Интер (3:3) кое може да биде пресудно за елиминација на неговиот тим во Лигата на фудбалските шампиони. Во групата, Баерн Минхен е сигурен патник во наредната фаза додека на „нероаѕурите“ им треба победа против Викторија Плзен за да одат понатаму. Доколку тоа се случи, шпанскиот тим ќе испадне од елитата. „ Сите работи се сурови за нас, од стартот во Минхен, потоа во Милано и сега тука на „Камп Ноу“. Тоа е фудбалот на највисоко ниво, сите грешки се плаќаат“ – вели Чави.
Екипата на Ливерпул вчера славеше кај Глазгов Ренџерс со фантастични 7:1 а мечот го одбележа напаѓачот на „црвените“, Мохамед Салах, кој влезе во историјата на Лигата на шампионите. Репрезентативецот на Египет влезе во 68. минута и во периодот од 76-та до 82-та или за точно шест минути и 12 секунди го постигна најбрзиот хет-трик во елитата на Европа. Претходниот рекорд го држеше Гомис кој во 2011 година за осум минути му даде три гола на Динамо Загреб (7-1).
Tренерот на фудбалерите на Шахтјор, Игор Јовичевиќ, откри што му кажал Карло Анчелоти по вчерашното реми со Реал Мадрид во 4 коло во Лигата на шампионите. Украинците примија гол во судиското надополнување и ја пропуштија шансата да го потврдат пласманот во наредната фаза во елитата на Европа. „Карло е пример за сите. По крајот на мечот, ми порача дека сме заслужиле да победиме. Тој е еден од најдобрите, вистински извор на инспирација за мене“ – вели тренерот на украинците.
Екипата на Копенхаген вчера успеа да ја запре победничката серија на Манчестер Сити во Лигата на шампионите. Мечот во Данска заврши без голови иако англичаните имаа пенал и повеќе од играта. Тимот на Гвардиола мораше да игра со десет фудбалери по исклучувањето на Марез речиси еден час. „ Се беше добро додека имавме 11 играчи. Потоа моравме да менуваме во играта, но, бодот ќе ни заврши работа. Ќе се обидеме да го задржиме првото место“ – вели тренерот на Сити, Пеп Гвардиола.
Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели, вели дека тренерот Алегри ќе остане на клупата иако „старата дама“ вчера загуби на теренот на Макаби Хаифа во 4 коло во Лигата на шампионите. „Во оваа тешка ноќ мора де се преземе одговорноста. Се чувствувам засрамен поради се што се случува, лут сум, но знам и дека фудбалот се игра со 11 губиш и победуваш со 11“ вели Ањели. „Алегри е тренер на Јувентус и ќе остане “ – потенцираше првиот човек на италијанскиот фудбалски гигант по вчерашниот меч во Израел.
Дефанзивецот, Ерик Гарсија, вели дека тренерот на Барса, Чави, претставува микс од Пеп Гвардиола и Луис Енрике. „Идејата за играта што ја имаат тројцата е идентична. Секој од нив има нијанси но, се работи за притисок откако ќе се загуби топката“ -вели Ерик. Гарсија е еден од фудбалерите што имал можност да соработува и со Гвардиола и со Чави.
Тренерот на фудбалерите на ПСЖ, Галтие, демантира дека Килијан Мбапе, побарал да си замине од екипата уште во зимскиот трансфер период. „ Не знам за такво нешто, не знам за веста која ја објавија медиумите пред значајниот меч во ЛШ. Мбапе беше многу интензивен на дуелот со Бенфика“ – вели Галтие. Вчера голем дел од медиумите објавија дека големата ѕвезда на „светците“ побарала да си замине во наредниот трансфер период.
Светската фудбалска федерација ќе им плати на клубовите 209 милиони долари за учеството на нивните играчи на Светското првенство во Катар на крајот на годинава. Секоја екипа ќе добие по 10.000 долари за секој ден што играчот ќе го помине со националниот тим на Мундијалот. Организацијата потсети дека по Светското првенство во 2018 година обештетување добиле вкупно 416 клубови. Најзначајниот фудбалски настан на планетава ќе се одржи во Катар од 20 ноември до 18 декември.
