Дефанзивецот на Пари Сен Жермен, Серхио Рамос, би можел да добие суспензија за 7 средби поради навредливи зборови упатени кон судијата на мечот со Ремс од францускиот фудбалски шампионат. Шпанецот беше исклучен пред паузата со два брзи жолти картони. Прво судијата Пјер Јелуст го казни за груб фаул а веднаш потоа го исклучи поради навредливи зборови. Дисциплинска комисија утре ќе ја определи казната за шпанскиот играч на Пари Сен Жермен.
Author: dino
Даниеле Де Роси е новиот тренер на СПАЛ, кој настапува во втората фудбалска лига на Италија. Неговиот договор е до 30 јуни во 2024 година. 39-годишниот тренер беше дел од стручниот штаб на италијанската репрезентација и работеше во младинските категории. Во летото 2021 година, стана европски шампион како помошник на Роберто Манчини. Од 2002 до 2019 година, легендарниот играч на Рома имаше 63 гола и 61 асистенција на 616 натпревари. Де Роси двапати го освои Купот на Италија со Рома и еднаш Суперкупот на земјата.
УЕФА го потврди распоредот на натпревари од нашата квалификациска група за пласман на Европското фудбалско првенство во 2024 во Германија. „Европската куќа на фудбалот“, доцна синоќа, објави дека имало технички грешки и дека новиот распоред ќе биде објавен во текот на денов. Очигледно дека тоа се однесувало на другите групи. РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ НА МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА(23 март 2023) Македонија – Малта(16 јуни 2023) Македонија – Украина(19 јуни 2023) Англија – Македонија(09 септември 2023) Македонија – Италија(12 септември 2023) Малта – Македонија(14 октомври 2023) Украина – Македонија(17 ноември 2023) Италија – Македонија(20 ноември 2023) Македонија – Англија
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, по вчерашниот пораз во дербито со Арсенал, изјави, дека „црвените“ се отпишани од трката за титулата во Премиер-лигата. „Имаме проблеми но, мора да продолжиме. Така беше и во претходната сезона. Направивме клучни грешки и примивме лесни голови“ – потенцира Германецот. Ливерпул во наредниот викенд ќе го пречека Манчестер Сити. На врвот во Англија е екипата на Арсенал со 24 бодови пред „граѓаните“ со 23.
Фудбалерите на Наполи го задржаа победничкиот чекор во италијанскиот шампионат. Тие во текот на викендот оставрија убедлива победа против Кремонезе со 4:1 а нивниот тренер, Лучијано Спалети, вели дека тоа сепак не бил лесен меч. „По изедначувањето ни беше тешко, но, Симеоне постигна одличен гол. Треба да им се честита на моите фудбалери“ – вели Спалети. Наполи по 9 кола има 23 бодови и го држи врвот во Серија „А“. Тимот на нашиот Елмаз има 7 победи и две нерешени средби
Првата ѕвезда на фудбалскиот состав Рома, Паоло Дибала, денеска ќе мора да помине обемни медицински тестови за да се утврди степенот на неговата повреда заработена на вчерашниот меч со Лече во Серија „А“. Аргентинецот при изведувањето на пеналот успеа да постигне погодок а веднаш потоа се фати за бутниот мускул по што беше изваден од игра. Тренерот на „волчицата“, Жозе Мурињо, не крие дека е песимист околу целиот случај. „Велам лошо но, мислам многу лошо. Не сум доктор, од моето искуство и тоа што зборев со Дибала, нема да го видиме до крајот на годинава“ – беа зборовите на Португалецот.
Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо, кој на дуелот со Евертон го постигна 700-от гол во кариерата, проценува дека „црвените ѓаволи“ се на вистинскиот пат да излезат од кризата. Неговиот тим успеа да победи против Евртон со 2:1 во рамките на 10 коло во Премие-лигата и да се искачи на 5-то место во рангирањето. Избраниците на Ерик тен Хаг сега имаат 15 бодови а наредниот меч ќе го одиграат против Њукасл на домашен терен на 16 октомври.
Поранешниот шампион на УФЦ во две тежиниски категории, Конор Мек Грегор, би можел да се бори со поранешниот кандидат за титулата во лесна категорија, Џастин Гејџи. Ирецот не се појави во октагонот откако ја скрши ногата во борбата со Дастин Поарие во летото во 2021 година. Гејџ неодамна изјави дека не сака да се натпреварува со Конор бидејќи бил на стероиди. Факт е дека Ирецот во последнава година не е тестиран од Американската антидопинг агенција (USADA).
Француската фудбалска легенда, Лорен Блан, е назначен за нов тренер на Лион. Првите луѓе на клубот решија да му врачат отказ на Петер Бош поради серија лоши резултати. Блан ќе биде во клубот до јуни 2024 година. Тој претходно работеше во Бордо и ПСЖ а беше и селектор на Франција. Последниот ангажман го имаше во екипата на Ал Рајан. Лион во моментов се наоѓа на деветто место на табелата со 14 освоени бодови.
Организаторот на традиционалниот Турнир на Медиумите во мал фудбал -Спортско радио 90,3 ФМ, денеска во просториите на Државна Видео Лотарија на Македонија -ВЛТ, го најави јубилејното 30-то издание кое годинава ќе има меѓународен и хуманитарен карактер. Утре на терените на ФФМ ќе се појават дел од фудбалските легенди на Србија, Хрватска, БИХ и Македонија. Настанот ќе го проследат и медиумите од екс ју-просторите Хајат ТВ (БИХ) и Спорт Клуб (Србија). Новинарските екипи го искористија пресот да добијат изјави од легендите на мак-фудбалот, Кочо Димитровски и Саша Чириќ кои ќе бидат дел од македонската репрезентација.
