Поранешниот шампион на УФЦ во две тежиниски категории, Конор Мек Грегор, би можел да се бори со поранешниот кандидат за титулата во лесна категорија, Џастин Гејџи.
Ирецот не се појави во октагонот откако ја скрши ногата во борбата со Дастин Поарие во летото во 2021 година. Гејџ неодамна изјави дека не сака да се натпреварува со Конор бидејќи бил на стероиди.
Факт е дека Ирецот во последнава година не е тестиран од Американската антидопинг агенција (USADA).