Менаџерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, има причини да биде презадовоен по вчерашната голема победа во дербито со Манчестер Сити. „Црвените“му го нанесоа првиот сезонски пораз на актуелниот шампион во Премиер-лигата. Мечот го реши Мохамед Салах кој погоди во вториот дел. „Се браневме на неверојатно високо ниво а имавме и одлична контрa. Значајно е да постигнете гол и да победите. Тоа ние го направивме“ – потенцираше тренерот на Ливерпул.
Author: dino
Младата фудбалска ѕвезда на ПСЖ, Килијан Мбапе, вчера по мечот со Олимпик Марсеј, ги негираше вестите дека сака да го напушти „Паркот на принцовите“ во текот на зимскиот трансфер период. „Не побарав да го напуштам ПСЖ во јануари. Бев шокиран од веста како и сите други. Тоа е измислица“ – рече брзоногиот голгетер. „Знаеме што значи да се игра во ПСЖ, мора да бидете подготвени. Ние сме фокусирани на освојување на трофеjи“ – рече Мбапе.
Чави е најлошиот тренер на фудбалерите на Барселона во 21 век, покажува статистиката. Таа се однесува на ефектот на тренерот на повеќе од 50 мечеви. Предводникот на Каталонците има 50 натпревари со ефект од 28 победи, 11 нерешени и исто толку порази или 56 процени на добиени средби. Со тие бројки, Чави се наоѓа на дното на листата на тренери што работеле на „Камп Ноу“. Неговиот тим вчера загуби во „Ел Класико“ на теренот на Реал Мадрид со 3 спрема 1.
Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети, по вчерашната победа со Болоња (3-2) – индиректно му одговори на нашиот Елиф Елмас, кој објави пост дека неговата „прва љубов“ е клупата за резерви. „Резервистите во второто полувреме го променија резултатот. Фактот да не се игра од почеток може да биде позначаен посебно ако ги решавате мечевите и не се пазарите“ – рече Спалети. Елмас вчера доби шанса да заигра во вториот дел кога домаќинот успеа да стигне до головите за победа.
Шпанскиот возач со моторот на Сузуки, Алекс Ринс, успеа да победи на денешната трката за Големата Награда на Австралија. Тој стартуваше од десеттата позиција на патеката – „Филип Ајланд“ но, успеа во самата завршница да избие на чело на колоната и да победи. Второто место му припадна на Марк Маркез (Шпанија) кој го прослави 100-от подиум во кариерата. Трето време обезбеди Франческо Бањаја. Италијанецот со денешните бодови успеа се пробие на челната позиција во Мото Гран при шампионатот откако Фабио Квартараро не ја заврши трката. Наредниот собир ќе биде за седум денови во Малезија на патеката – „Сепанг“.
Фудбалерот на Тотенхем, Ришарлисон, кој вчера заработи повреда на мечот со Евертон во Премиер-лигата, може да го пропушти Светското првенство во Катар кое ќе започне на 20 ноември. Доколку се потврди дека Бразилецот има искинат мускул, тогаш паузата од терените ќе биде некаде од шест до 8 недели. Во таква ситуација селекторот на „кариоките“, Тите, ќе остане без неговата прва опција во нападот. Целата ситуација емотивно ја доживеа играчот на „Спарси“. „Тешко е да се каже, бев толку блиску до сонот да играм за Бразил на СП во Катар. Ќе видиме што ќе кажат лекарите. Имам болки додека се движам“…
Деонтеј Вајлдер имаше успешно враќање во рингот по пауза од една година и поразите од Тајсон Фјури. Тој во текот на ноќта успеа да го нокаутира Роберет Хелениус уште во првата рунда. За Вајлдер тоа е 43. победа во кариерата и 42. со нокаут. Американецот единствените два пораза во кариерата ги има доживеано на мечевите со Фјури.
Челниците на фудбалскиот состав Њукасл сакаат да го ангажираат играчот на Барселона, Мефис Депај. Холанѓанецот главно ја грее клупата во шпанскиот гигант и не добива голема минутажа. Каталонците најавија дека Депај има отворена врата да си замине во јануари. Неговиот договор истекува во наредното лето а трансферната сума што ја бара екипата од „Камп Ноу“ е околу 10 милиони евра.
Нашите најдобри ракометари по убедливата победа на домашен терен против Луксембург на стартот на квалификациите за Европското првенство во Германија во 2024 година, денеска ќе гостуваат кај Турција. За разлика од првиот меч, селекторот, Кире Лазаров, денеска ќе излезе со нови четири имиња на списокот. Тоа се : Дејан Манасков, Михајло Младеновиќ, Костадин Петров и голманот, Мартин Томовски. Паралелно со мечот во Турција од 16.00 часот ќе се реализира и дуелот меѓу Луксембург и Португалија. Во првото коло ние победивме против Луксембург со 38-24 а Португалците ја совладаа Турција со 44:27.
Весникот – „Билд“ наведува дека луѓето од Челзи остануваат на идејата да го ангажираат фудбалерот на Баерн Минхен, Бенџамин Павард. Лондончани се обидоа да дојдат до потписот на Французинот во текот на летото но, не успеаја да се договорат со колегите од Германија. Договорот на Павар истекува во 2024 година. 26-годишниот дефанзивец беше купен од Штутгарт за 35 милиони евра во 2019 година. Павар во сезонава има 11 настапи и 2 гола.
