Шпанскиот возач со моторот на Сузуки, Алекс Ринс, успеа да победи на денешната трката за Големата Награда на Австралија.
Тој стартуваше од десеттата позиција на патеката – „Филип Ајланд“ но, успеа во самата завршница да избие на чело на колоната и да победи. Второто место му припадна на Марк Маркез (Шпанија) кој го прослави 100-от подиум во кариерата. Трето време обезбеди Франческо Бањаја.
Италијанецот со денешните бодови успеа се пробие на челната позиција во Мото Гран при шампионатот откако Фабио Квартараро не ја заврши трката. Наредниот собир ќе биде за седум денови во Малезија на патеката – „Сепанг“.