Деонтеј Вајлдер имаше успешно враќање во рингот по пауза од една година и поразите од Тајсон Фјури.
Тој во текот на ноќта успеа да го нокаутира Роберет Хелениус уште во првата рунда. За Вајлдер тоа е 43. победа во кариерата и 42. со нокаут.
Американецот единствените два пораза во кариерата ги има доживеано на мечевите со Фјури.