Денеска на прес-конференција беше најавен 30-от турнир на Медиумите во мал фудбал во организација на Спортско радио, 90,3 фм. Годинава истиот ќе биде со меѓународен и воедно хуманитарен карактер а ќе се реализира в сабота на терените на „Куќата на фудбалот“. Во делот на медиумите ќе играат МРТВ 1, Сител, МРТВ 2 и Спортско радио 90,3 ФМ додека во меѓународната програма ќе се појават селекциите на БИХ, Србија, Хрватска и Македонија. Тие ќе бидат составени од поранешни фудбалски ѕвезди од ју-просторите, познати естрадни уметници и новинари. Според програмата, в сабота во полу-финалето кај медиумите Спортско Радио 90,3 ФМ и Сител…
Author: dino
Македонската футсал репрезентација денеска на гостински терен против Шведска ги почнува квалификациите за пласман на Светското првенство 2024 година. Воведниот натпревар ќе го имаме во Алингасас со почеток во 17 часот. Наредниот четврток во Скопје ќе гостува Италија. Вторите мечеви со „Викинзите“ и „аѕурите“ ќе ги одиграме догодина во месец март. Пласман во елитна фаза од мундијалските квалификации ќе обезбедат победниците на 12 групи и четирите најдобро второпласирани репрезентации.
Пред викендот за Големата награда на Јапонија, возачот на Ферари, Шарл Леклер, предвиде дека тимот на Ред Бул ќе има предност на патеката „Сузука“ слична на таа што ја имаа Булс на Спа во Белгија на крајот на август. „ Тука имаме различен болид кој добро функционира на секаков тип на патека. Ред Бул ќе бидат силни, се надевам дека и ние ќе се претставиме подобро“ – изјави Леклер. „Добро се претставивме на Спа. Се надевам дека ќе имаме предност во трката но, генерално очекувам тесна битка“ – изјави светскиот шампион
Фудбалерот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, има неделна плата во англискиот клуб од околу еден милион евра, објави британскиот весник – „Дејли мејл“. Норвешкиот голгетер за една година во дресот на „граѓаните“ ќе заработи околу 51 милиони евра под услов да се реализират и бонусите. Халанд во дебитантскате сезона во Премиер лигата на 12 мечеви во сите конкуренции постигна 19 голови.
Франција се надева дека на кошаркарскиот турнир на Олимпијадата во Париз ќе го има Џоел Ембид кој игра за Филаделфија. Пред играчот има две опции – да го носи дресот на САД или на „триколорите“. „Франција очекува тој да биде со нас и веруваме дека Ембид – стрелецот број 1 во НБА – ќе биде во тимот и покрај неодамна добиениот американски пасош“ – изјави селекторот на фрнацузите, Винсент Кол. Ембид пак, неодамна изјави за „АП“ дека е премногу рано да се размислува за одлуката.
Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лионел Меси призна дека не сака да биде тренер по завршувањето на кариерата . „Не сакам да бидам тренер, не размислувам за таа опција. Сепак и Зидан тоа го кажа па потоа, не само што стана тренер туку трипати ја освои Лигата на шампиони“- вели Меси. „Повеќе сакам да бидам во спортскиот менаџментот, да го градам тимот, да му помагам на тренерот“ истакна фудбалерот на ПСЖ.
Новите имиња во редовите на Наполи, Хвича Кварацелија, Џакомо Распадори, Ким Мин-Јае, Франк Ангиса, Матиас Оливера и Џовани Симеоне, многу брзо се вклопија во екипата. Наполитанците имаат одличен почеток на сезоната и го запоседнаа врвот во Серија А. Во Лигата на шампионите исто така нижат само победи а тоа го радува првиот човек на тимот, Де Лаурентис. „Во преговорите бевме попаметни и побрзи од нашите конкуренти. Кога градите тим, треба да ги комбинирате психологијата, интелектот и физиката“, изјави Де Лаурентис
Англиските фудбалски состави: Вест Хем, Тотенхем и Манчестер Јунајтед, покажуваат дека се заинтересирани за голманот на Пари Сен Жермен, Кејлор Навас. Тој го загуби стартното место по доаѓањето на Италијанецот, Џанлуиџи Донарума од екипата на Милан. Костариканецот во изминатата сезона одигра само 25 натпревари за францускиот тим и прими 24 голови. Навас има договор до 2024 година. Засега не се потенцира сумата што ќе ја понудат англиските екипи.
Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, потврди дека Кајл Вокер заработил потешка повреда на викенд дербито со Јунајтед. Иако се чинеше дека неговата повреда нема да биде од сериозна природа и дека многу брзо ќе се врати на терените, новите прогнози го велат спротивното. Дури и неговиот настап на Мундијалот е доведен во прашање. „Тој има проблем во стомакот и тоа е се што можам да кажам. Не знаеме кога ќе се врати, не знаеме дали ќе игра на Светското првенство“, изјави Гвардиола.
Макс Верстапен на претстојната трка за ГН на Јапонија може да ја одбрани титулата светски шампион во Формула 1. Возачот на Ред Бул најави дека ќе направи се за да ја обезбеди титулата на неколку трки пред крајот на сезоната. „ Конечно се враќаме во Јапонија по долга пауза. Едвај чекам повторно да возам на Сузука. Многу ми се допаѓа Јапонија и имам одлични спомени. Имам уште една вистинска можност да ја понесам светската титула. Значи, ни треба совршен тркачки викенд“ – потенцираше Верстапен.
