Пред викендот за Големата награда на Јапонија, возачот на Ферари, Шарл Леклер, предвиде дека тимот на Ред Бул ќе има предност на патеката „Сузука“ слична на таа што ја имаа Булс на Спа во Белгија на крајот на август.
„ Тука имаме различен болид кој добро функционира на секаков тип на патека. Ред Бул ќе бидат силни, се надевам дека и ние ќе се претставиме подобро“ – изјави Леклер.
„Добро се претставивме на Спа. Се надевам дека ќе имаме предност во трката но, генерално очекувам тесна битка“ – изјави светскиот шампион