Макс Верстапен на претстојната трка за ГН на Јапонија може да ја одбрани титулата светски шампион во Формула 1.
Возачот на Ред Бул најави дека ќе направи се за да ја обезбеди титулата на неколку трки пред крајот на сезоната.
„ Конечно се враќаме во Јапонија по долга пауза. Едвај чекам повторно да возам на Сузука. Многу ми се допаѓа Јапонија и имам одлични спомени. Имам уште една вистинска можност да ја понесам светската титула. Значи, ни треба совршен тркачки викенд“ – потенцираше Верстапен.