Франција се надева дека на кошаркарскиот турнир на Олимпијадата во Париз ќе го има Џоел Ембид кој игра за Филаделфија. Пред играчот има две опции – да го носи дресот на САД или на „триколорите“.
„Франција очекува тој да биде со нас и веруваме дека Ембид – стрелецот број 1 во НБА – ќе биде во тимот и покрај неодамна добиениот американски пасош“ – изјави селекторот на фрнацузите, Винсент Кол.
Ембид пак, неодамна изјави за „АП“ дека е премногу рано да се размислува за одлуката.