Author: dino

Одбранбениот фудбалер на Реал Мадрид, Едер Милитао, ќе добие понуда да остане подолг период на стадионот –  „Сантијаго Бернебе“ . 24-годишниот Бразилец по заминувањето на Серхио Рамос и Рафаел Варан е главниот столб во одбраната. Затоа клубот планира да ја продолжи соработка до 2028 година. Милитао беше купен од Порто во 2019 година за 50 милиони евра. Досега има 97 натпревари, 4 гола и 5 асистенции.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Барселона, Чави Ернадес, постави рекорд во Шпанија откако неговиот тим вчера славеше минимално кај Мајорка со 1-0 благодрание на голот на Левандовски. Тоа беше 18-ти меч без пораз на гостувањата за Чави кој успеа да го помине рекордот кој претходно го имаше Зинедин Зидан на клупата на Реал Мадрид. „Рекордот нема да има значење ако не освојуваме трофеи. Добро работиме но, мораме да се радуваме на пехарите“ – вели тренерот на Каталонците.

Read More

Онесмус Киплагат победи на 18-то издание на традицоналниот Скопскиот атлетски маратон кој денеска се одржа низ улиците на главниот град. Тој патеката долга 42 километри ја помина за 2:18:19 часа. Второто место му припадна на нашиот Дарио Ивановски пред уште еден наш претставник, Никола Илиевски. Кенијците ја потврдија доминацијата и во женска конкуренција. Победи Кетрин Черотич од со време од 2:38:48 часа пред нашата Биљана Кираџиева. Во полумаратон во женска конкуренција славеше Адријана Поп Арсова пред Греса Бакрачи од Косово и Миљана Ристиќ. На машкиот полумаратон победи македонскиот атлетичар Жан Тошев со време од 1:11:56 часа пред беше Иван Пешовски…

Read More

Членот на Ферари, Шарл Леклер, ја освои пол позицијата за утрешната трка во Формула 1 која ќе биде возена за Големата награда на Сингапур. Тој на патеката „Марина Беј“ беше подобар од Серхио Перез и Луис Хамилтон. Бранителот на пехарот, Макс Верстапен, заврши дури осми. Меѓу првите десет место обезбедија и Саинц, Алонсо, Норис, Гасли, Магнусен и Цинода. Верстапен е лидер во рангирањето со 335 бодови пред Леклер со 219 и Перез со 210. Кај конструкорите води Ред Бул со 545 бодови пред Ферари со 406. Утрешната трка за ГН на Сингапур ќе започне во 14.00 часот.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Динамо Загреб, Анте Чачиќ, се надева капитенот Аријан Адеми, ќе може да игра во текот на викендот против Славен Белупо во рамките на шампионатот на Хрватска. Нашиот репрезентативец поради повреда, мораше да ги пропушти последните два меча против Грузија и Бугарија во Лигата на Нации. „Не можам да ви кажам колку ќе го користиме Адеми кој по вторпат стана татко. Како и да е, без нашиот капитен не сакам да одиме во нови предизвици. Верувам дека ќе биде со нас за утрешниот натпревар“ – изјави Чачиќ.

Read More

Дефанзивецот на Наполи, Ким Мин-Јае,  ја доби наградата за најдобар играч во Серија „А“ за месец септември. Фудбалерот од Јужна Кореја кој беше купен во текот на летото ги надмина очекувањата и засега е еден од најдобрите на теренот. Тој ја освои наградата од навивачите пред играчот на Удинезе, Родриго Бекао и Мерик Демирал од Јувентус. Соиграчот на нашиот Елмаз ќе ја добие наградата пред утрешниот натпревар со Торино во рамките на Серија „А“

Read More

Тренерот на фудбалерите на Челзи, Грим Потер, ќе биде без Н’Голо Канте, Едуард Менди, Марк Кукуреја и Карни Чуквуемека за утрешното лондонско дерби со Кристал Палас во рамките на Премиер лигата. Канте штотуку ги продолжи тренинзите  и не може да игра во догледно време. Менди  се оправува добро но, недоволно за да се искористи на теренот  во текот на викендот.   Болните Кукуреја и Карни исто така нема да се појават на утрешниот меч.

Read More

Селекторот на нашите најдобри ракометари, Кире Лазаров, определи 35 имиња за делот од подготовките за квалификациите за Европското првенство 2024 година. По повредата и по пропуштеното ЕП 2022 и квалификациите за СП 2023, во националниот тим се враќа Дејан Манасков, а по подолго време и Димитар Димитриоски и Дарко Димитриевски. Ние сме во група со Луксембург, Турција и Португалија. На ЕП ќе одат најдобрите две селекции како и најдобрите четири третопласирани од осумте групи. Првиот меч ќе го одиграме на 12 октомври во Скопје против Луксембург додека вториот е на 16 октомври на теренот на Турција.

Read More

По состанокот помеѓу претставниците на Здружението на клубови од Првата лига-мажи, комесарот за натпреварување и раководството на КФСМ, утврдени се системот, календарот и распоредот за натпреварување во натпреварувачка сезона 2022/2023 година. Системот претрпи измени поради се уште актуелната пандемија со „Ковид-19“, се поизвесната енергетска криза и намалување на трошоците на екипите. Освен тоа, усвоени се уште неколку битни измени: -Преодниот рок за сезоната 2022/2023 завршува заклучно со 01.03.2023 година.-За нов претседател на здружението на клубовите од Првата лига-мажи избран е претставникот на КК „Гостивар 2015“, Стојмир Дејаноски.-Екипите се задолжуваат да ги подмират своите финансиски обврски по основ на долгувања, како и првата рата од…

Read More

Специјализираниот фудбалски портал за статистика – „Whoscored“, за секоја група во Лигата на нации креираше најдобар тим. Од Македонија, Енис Барди и Дарко Чурлинов, добија место во идеалниот тим во нашата група во Лигата на Нации. Покрај нив има дури седум фудбалерите на грузиската селекција која убедливо го освои првото место и си обезбеди бараж за наредното Европско првенство. На списокот се наоѓаат и двајца репрезентативци на Бугарија, Недјалков и Десподов.

Read More