Министерството за надворешни работи на Македонија се огласи со реакција за вчерашните случувања на мечот меѓу нашата селекција и Бугарија кој се одржа на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. -Министерството за надворешни работи упатува јавна реакција и осуда за вчерашниот израз на говорот на омраза што можеше да забележи во текот на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Северна Македонија и Бугарија. Спортските настани претставуваат највисокиот израз на принципите на фер однос, меѓусебна почит и натпревар во спортски дух. Злоупотребата на овие настани за ширење на омраза и нетрпеливост претставуваат суштинска спротивност на нивната основна замисла.Северна Македонија и Бугарија и…
Author: dino
Рома е заинтересирана за дефанзивецот на Ајакс, Јуриен Тимбер. Спортскиот директор на „волчицата“, Тиаго Пинто, се насочил кон 21-годишниот дефанзивец, пишува – „Газета дело спорт“. „Копјаниците“ за неговиот потпис ќе бараат минимум 45 милиони евра. Тимбер е производ на академијата на Ајакс а дебитираше за првиот тим во 2019 година. За екипата од Амстердам има 84 натпревари, 4 голови и 2 асистенции. Тој за репрезентацијата на Холандија има одиграно 10 натпревари.
Луѓето од Челзи планираат во јануари да испратат понуда за фудбалерот на Интер, Дензел Демфрис. Холанѓанецот беше на радарот на „сините“ во текот на летото но, траснферот не се случи. Сега, Англичаните сакаат да ги откупат правата на играчот за 50 милиони евра. Тие воедно се подготвени да го пуштат дефанзивецот да ја заврши сезоната во Италија. За неговиот потпис се заинтересирани и Манчестер Јунајтед, Баерн (Минхен) и Евертон.
Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд, го поддржа Хари Мегваер по уште една слаба партија сега во дресот на Англија. Стоперот вчера направи две грешки што доведоа до првите два гола за Германија во Лигата на нации. Во првиот случај направи пенал а во вториот, ја загуби топката на противничката половина. „Сочувствувам со Хари… секоја грешка се казнува а потоа се критикува. Мора да остане ментално силен и да се справи со тоа. Кога не играте континуирано, тоа секогаш има влијание“ – напиша Фердинанд.
Најверојатно во декември ќе се одржи меч меѓу Тајсон Фјури и Ентони Џошуа. Двајцата боксерски промотори, Френк Ворен и Еди Хорн, на вчерашната средба потврдија дека ќе има позитивен развој на настаните. Според нив, преговорите се уште не се завршени. На средбата присуствуваа и претставници на телевизиските куќи со кои соработуваат двајцата боксери. Во договорот мора да се опише и преносот на борбата како и можните услови за одржување на реваншот.
Португалскиот фудбалски репрезентативец, Диого Далот, ќе добие понуда да ја продолжи соработката со Манчестер Јунајтед, најавија медиумите во Британија. Неговиот договро истекува на крајот на сезоната но, „црвените ѓаволи“ сакаат да го задржат најмалку до 2024 година. 23-годишниот фудбалер сакаше во текот на летото да си замине од – „Олд Трафорд“ но, доаѓањето на Тен Хаг значително ја промени неговата улога во тимот.
Фудбалерот на Барселона, Роналд Араухо, кој се повреди на пријателскиот меч со Иран, ќе мора да оди на операција. Истата ќе биде направена во Финска, потврдија лекарите на каталонскиот гигант. Тоа значи дека Араухо ќе мора да паузира околу три месеци и ќе го пропушти Светското првенство во Катар.
Фудбалерот, Леандро Паредес, кој го напушти ПСЖ во текот на летото и се пресели во Јувентус, проговори за неговиот однос со Килијан Мбапе. Аргентинецот вели дека не изградил никаков однос со Французинот и дека главно се дружел со фудбалерите од Јужна Америка. „– Мбапе? Јас едноставно не сум човекот кој може да каже било што за него. Јас едноставно немав никаков однос со Мбапе“ – вели Паредес.
Ракометарите на Бутел Скопје денеска ќе го имаат првиот меч со Алпла Хард во елиминациите за Европската лига на ЕХФ. Австрискиот клуб во претходната рунда со две победи успеа да го елиминира Еурофарм Пелистер 2. Мечот под Алпите ќе започне во 18:45 часот. Реваншот е наредната недела во Скопје. Дуелот ќе го судат Свавар Петурсон и Сигурдур Трастарсон од Исланд а ЕХФ делегат е Петр Новак од Чешка.
Нашите најдобри фудбалери со пораз од Бугарија на домашен терен го завршија настапот во Лигата на нации. Исклучувањето на Тодоровски во 14 минута и голот на Десподов во 50-та беа клучните моменти на Арената во Скопје. Македонија иако со играч помалку имаше неколку добри шанси за изедначување но, недостасуваше вистинска завршница. Гостите со освоените три бода не прескокнаа на второто место на табелата. Грузија заврши убедливо прва со денешната победа кај Гибралтар (2-1).
