Најверојатно во декември ќе се одржи меч меѓу Тајсон Фјури и Ентони Џошуа. Двајцата боксерски промотори, Френк Ворен и Еди Хорн, на вчерашната средба потврдија дека ќе има позитивен развој на настаните.
Според нив, преговорите се уште не се завршени. На средбата присуствуваа и претставници на телевизиските куќи со кои соработуваат двајцата боксери.
Во договорот мора да се опише и преносот на борбата како и можните услови за одржување на реваншот.