Author: dino

38-годишниот, Арјен Робен, кој имаше блескава фудбалска кариера во повеќе европски екипи, проговори за неговите планови. „Мојата сопруга работи два дена во неделата, па морам два дена да бидам куќна помошничка. Што се однесува до работата со младинскиот тим, убаво е да се вклучиш во играта на тој начин. Можеби за пет години ќе бидам главен тренер или технички директор или можеби ќе бидам менаџер во Маркет“ – вели Робен. Холанѓанецот кој потекнува од школата на Гронинген, имаше можност да настапува и за ПСВ, Челзи, Реал Мадрид и Баерн Минхен.

Read More

Ралф Шумахер, брат на прославениот ас во Формула 1, Михаел, вели дека младите возачи мора да имаат големи спонзори во почетокот на кариерата доколку сакаат да бидат вклучени во така наречениот – „ циркус на тркала“. Според него, напредокот чини од 13 до 15 милиони евра.  Пред една година Луис Хамилтон ја опиша Ф 1 како „клуб на синови на милијардери“. Се чини дека неговите зборови имаат на тежина ако се знае дека Ландо Норис и Серхио Перез се синови на милионери а татковците на Ленс Строл и Николас Латифи исто така располагаат со големо богатство. Од друга страна, Шарл…

Read More

Сара Кели, мајката на навивачот на Евертон, Џејкоб, чиј телефон го скрши Кристијано Роналдо по поразот на Манчестер Јунајтед на Гудисон Парк во месец април, повторно ја повика ФА да му изрече соодветна казна на Португалецот. Дури во изминатиот петок ФА го обвини Роналдо кој досега беше казнет само од полицијата со 200 фунти поради инцидентот со детето со аутизам. Сара тврди дека момчето сè уште секојдневно зборува за инцидентот и се прашува како Роналдо може мирно да спие знаејќи што направил.

Read More

Двократниот олимписки шампион, Елид Кипчоге, постави нов светски рекорд на маратонската трка во Берлин. Триесет и седумгодишниот Кениец оствари време од два часа, една минута и девет секунди и за 30 секунди го подобри неговиот рекорд поставен на истата патека пред две години. Кипчоге на 17-ет маратони има 15 победи од кои четири во Германија. Тигист Асефа од Етиопија беше најбрза кај атлетичарките. Таа оствари време од 2 часа 15 минути и 37 секунди. Тоа е третиот најдобар резултат во историјата на трката.

Read More

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ, по победата против Френсис Тиафо од САД со 2-0 по сетови 6:1 и 6:3 на вторито натпреварувачки ден на Лајвер Купот, вели дека нема намера да се повлече од терените. „Не се чувствувам доволно возрасен за да ја завршам кариерата. Моето тело сè уште ме служи. Тоа е значајно кога ќе наполните 35+. Сакам да продолжам додека се чувствувам добро и додека можам да се натпреварувам со младите за освојување на Грен слемовите“ – изјави Ѓоковиќ за „Ројтерс„. 35-годишниот тенисер на Лејвер Купот го одигра првиот официјален меч по 76 денoви откако настапи во финалето на…

Read More

Селекторот на Шкотска, Стив Кларк, ги пофали репрезентативците кои ја совладаа Република Ирска со 2-1 и се пробија на чело на табелата во групата 1 од дивизијата „Б“ на турнирот во Лигата на нации. „Знаевме дека ќе биде тешко. Тие добро притискаа и не спречија да влеземе во ритам. Воодушевен сум од играчите“ – вели Кларк. „Оваа група фудбалери се посветени да играат за татковината. Сега ќе одиме во Краков да играме со добрата селекција на Украина“ – изјави селекторот на Шкотите.

Read More

Фудбалерот на Интер, Ромелу Лукаку, кој игра како позајмен од Челзи, нема намера да се врати во англискиот состав на крајот на сезоната. Белгиецот е презадоволен од условите во Милано а управата на Интер исто така одлучила да преговара со  „сините“ за да го задржи без разлика на резултатите. „Нероаѕурите“ во текот на летото им платија на лондончани 7 милиони евра за да го ангажираат 29-годишниот напаѓач на позајмица. Лукаку претходно на – „Стемфорд Бриџ“  одигра  26 мечеви на кои постигна само осум голови.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Макс Алегри, кон крајот на месецов треба да ги има на располагање Пол Погба и Федерико Киеза, кои се опоравуваат и полека влегуваат во тренинг процес. „Тутоспорт“ најавува дека двајцата ќе бидат подготвени за натпреварот со Бенфика во Лигата на шампионите кој треба да се одигра на 25 октомври. 29-годишниот Французин кој беше ангажиран во текот на летото треба да го направи второто деби во црно-белиот дрес додека Киеза кој се повреди во јануари, нема одиграно ниту една минута во тековнава сезона.

Read More

Бразилскиот фудбалер Кака кој од 2009 до 2013 година ги бранеше боите на Реал Мадрид, изјави деканајдобриот момент во клубот му бил кога дознал дека ќе си замине. „Звучи чудно, но, би го избрал денот кога ми потврдија дека заминувам. Тогаш разговарав со Флорентино Перез кој ми кажа дека во мене гледа голем професионалец кој дал се од себе за да донесе успех и големи резултати но, повредите и малата минутажа не дозволиле“. – изјави Кака. „Тие зборови на Перез ми дадоа големо задовоство затоа што почувствував дека вратите во Реал Мадрид ќе ми бидат отворени во иднина“  – изјави…

Read More

Австралиецот, Џек Милнер,  е победник на 17-та трка во Мото ГП шампионатот што се возеше за Големата награда на Јапонија. Членот на Дукати иако започна од седмата стартна позиција успеа прв да ја помине целната рамнина и да ја оствари првата сезонска победа. Второто место го освои Бред Биндер  а третото Хорхе Мартин пред Марк Маркез. Лидерите во рангирањето Фабиот Квартараро и Франческо Бањаја имаа лош настап. Французинот го освои осмото место, додека Италијанецот излета во последниот круг.  Квартараро сега ја зголеми предноста на 18 бодови во однос на Бањаја. До крајот на сезоната остануваат уште четири трки а наредната ќе…

Read More