Голгетерот на Манчестер Сити, Ерлинг Холанд, се издвојува во Идеалниот тим на најдобрите млади фудбалери до 23 години, составен од од Corriere dello Sport и Delphlyx – платформа за анализа на перформансите на тимовите и поединечните играчи. Напаѓачот на англсикиот тим кој дојде од Борусија Дортмунд во текот на летото, веднаш ја покажа неговата висока класа . Тој на секој меч од стартот на сезоната успеа да се запише во листата на стрелците без разлика дали станува збор за Премиер-лигата или Лигата на шампионите.
Author: dino
Поранешниот италијански фудбалер, Антонио Касано, проговори за напаѓачот на Манчестер Јунајтед и Португалија, Кристијано Роналдо . „Драг Кристијано, дали си возбуден? Слушај ме внимателно: силен си, многу си освоил, феноменален си но, секогаш си втор. Дали знаете на кого личите? На мене? Не, на Тото Кутуњо, секогаш втор!“ – го цитира Касано Fanpage.it Тото Кутуњо е познат италијански изведувач и композитор кој го освои второто место шест пати на фестивалот за музика во Санремо.
Ливерпул се обидува да го задржи Артур Мело во оптимална состојба за време на репрезентативната пауза. За таа цел, играчот од средниот ред, кој беше земен на позајмица од Јувентус во последниот ден од летниот преоден рок, вчера стартуваше за тимот до 21 година против Рочдејл. Во договорот меѓу Ливерпул и Јувентус има опција за купување на Артур за 37,5 милиони евра.
Од денеска (21 септември 2022) почнува продажбата на билети за мечот од 4. коло од домашната Супер лига меѓу РК Вардар 1961 и РК Алкалоид. Натпреварот е закажан за в сабота (24 септември) во 18,30 часот во салата во СЦ „Јане Сандански“. Продажбата на влезниците ќе се врши Онлајн и преку продажната мрежа на „MkTickets“ . Два часа пред натпреварот ќе работи и билетарницата пред салата.Купувањето на билети може да се направи преку следниот линк: https://www.karti.com.mk/etickets/TicketList.aspx?pEventID=4530
Стартот ќе биде пред Собранието на Р. Македонија додека целта ќе биде на Плоштадот „Македонија“. Стартот на маратонот, полу-маратонот и штафетната трка- ЕУ за спорт, ќе биде во 8:00 часот а трката на 5км ќе започне во 08:10 часот. Подигнување на стратните пакети сите учесници ќе имаат можност да го направат тоа од 29.09.2022 (четврток) до 01.10.2022 (сабота) во Веро Центар, од 11:00 до 19:00 часот. При подигнување на пакетот тркачите ќе треба да прикажат потврден меил од пријавата или документ за идентификација . Секој учесник на Виз Ер Скопски маратон добива вредносен ваучер од 20 евра од насловниот спонзор…
Одбранбениот фудбалер на германскиот состав Баерн Минхен, Бенџамин Павард, призна дека одбил неколку понуди во текот на летниот трансфер период . Не е тајна дека за неговите услуги беа заинтересирани гиганти од Англија, Франција Италија и Шпанија, но, тој се определи да остане на – „Алијанц Арена“. „Имав контакти со различни клубови. Можеби еден ден ќе одам во некој од нив. Сега добив уверување од тренерот дека сум дел од неговите планови” – потенцираше Французинот.
Манчестер Јунајтед во последниве 10 години платил во просек по 209 милиони фунти за купување на фудбалери, покажува студијата на Меѓународниот центар за спортски студии (CIES). На „Олд Трафорд“ беа ангажирани 33 нови играчи за кои беа платени вкупно 1,4 милијарди фунти. Во исто време, сепак, според пазарното вреднување, тие сега чинат 1,19 милијарди. „Црвените ѓаволи“ и во текот на летниот период беа крајно активни. Тие потрошија импресивни 227 милиони фунти на шест засилувања.
Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, ја искоментира изјавата на неговиот колега на клупата на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, кој ја спореди играта на „кралевите“ со таа на неговиот тим кога ја освои првата шампионската титула во Ла Лига. „Точно е тоа што го вели, се браневме со низок блок по двата гола и навикнати сме да го правиме тоа“ – потенцира Анчелоти.„ Ако Симеоне вели дека сме се бранеле добро со низок блок, тоа значи дека сме завршиле одлична работа“ – изјави италијанскиот стратег.
Оливер Кан, кој ја има улогата на извршен директор во Баерн Минхен, ги негира шпекулациите дека се планира ангажман на нов тренер откако Баварците влегоа во серија од четири мечеви без победа во Бундес-лигата. „Не контактираме со ниту еден тренер. Целосно му веруваме на Јулијан“ – потенцираше кратко Кан. Баерн Минхен по три нерешени средби забележа неочекуван пораз кај Аугсбург а медиумите веднаш излегоа со шпекулација дека Нагелсман може да добие отказ.
Најплатениот фудбалер на Барселона, Жерард Пике, на крајот на сезоната веројатно ќе ја заврши кариерата, најавуваат медиумите во Шпанија. Тој во тековнава сезона ја има улогата на „стандардна“ резерва а тренерот Чави јасно му стави до знаење дека не го планира за во иднина. Самиот фудбалер неколку пати изјави дека треба да им остави простор на помладите и дека размислува за пензионирање.
