Author: dino

Дефанзивецот на Марсеј, Ерик Баји, кој заработи повреда на ногата на мечот со  Ајнтрахт (Франкфурт)  во Лигата на шампионите, ќе мора да паузира извесен период . 28-годишниот фудбалер почувствува болка на средината на вториот дел и беше принуден да го напушти теренот во 65. минута. Тестовите покажаа дека дефанзивецот има истегнување на тетивата. Баји кон крајот на месецов нема да игра за репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска на пријателските натпревари со Того и Гвинеја.

Read More

Младиот фудбалер на Реал Мадрид, Марко Асенсио, кој успеа да постигне гол на мечот со РБ Лајпциг во Лигата на шампионите, во континуитет покажува знаци дека не е задоволен од статусот во „кралскиот клуб“. За погодокот на младиот шпански фудбалер и за неговото однесување, проговори поранешната ѕвезда на „белите“,  Предраг Мијатовиќ. „Голот кој го постигна Марко беше извонреден. Дел од навивачите го свиркаат но, тоа е нормално по тоа што го направи“ – нагласи Мијатовиќ.

Read More

Челниците на Ливерпул може да испратат понуда за младиот талент на Фламенго, Жоао Гомез, кој постепено се етаблираше како значаен фудбалер во тимот. Тој има договор до 2025 година а сопствениците на бразилскиот гигант размислуваат да му понудат нов со огромна откупна клаузула само за да го задржат. 21-годишниот фудбалер кој проценува на 10 милиони евра, има 49 настапи и 2 асистенции во  шампионатот на Бразил.

Read More
NBA

Дресот со кој Мајкл Џордан го одигра последниот меч во НБА во финалето во 1998 година е продаден на аукција за рекордна сума од околу 10 милиони долари, објави аукциската куќа -„Сотби“. За истиот пристигнале  околу 20 понуди а организаторите не открија кој ја дал највисоката.  Дресот на легендата на светската кошарка првично беше проценет на околу 5 милиони долари. Претходно, рекордот за најскап спортски сувенир го држеше дресот на Диего Марадона од Светското првенство во 1986 година, кој беше продаден на аукција за 8,39 милиони долари.

Read More

Поранешниот тренер на фудбалерите на Сасуоло, Роберто Де Зерби, може да биде наследник на Макс Алегри во екипата на Јувентус, тврди денеска – „Медиасет“. „Старата дама“ од Торино влезе во серија на лоши резултати а медиумите започнаа со шпекулации дека Алегри набрзо ќе добие отказ. Што се однесува до  Роберто, тој пред неколку месеци го напушти Шахтјор (Донецк) поради војната во Украина. 43-годишниот Де Зерби неодамна ги одбил понудите на Болоња и  Монца кои се разделија со нивните тренери.

Read More

Собранието на АБА-лигата денеска донесе одлука за промена на системот на натпреварување. Сега место во плејо-фот ќе обезбедат осумте најдобри екипи од регуларниот дел од сезоната кои ќе играат четвртфинале, полуфинале и финале. Првите две елиминациски серииќе се играат до два добиени меча додека финалето ќе биде решено со најмногу пет средби.

Read More

Судијата, Даниел Зиберт, му се извини на Нејмар што му покажа жолт картон на изминатиот натпревар на Пари Сен Жермен против Макаби (Хаифа) во Лигата на шампионите. Бразилецот го постигна третиот гол и на необичен начин ја изрази својата радост, плазејќи го јазикот и мавтајќи со рацете. Судијата во тој момент не го виде но, неговите колеги од ВАР му го привлекоа вниманието. Се чини дека судиите го проценија тоа како исмевање на противникот и затоа Нејмар доби официјално предупредување. „По натпреварот го видов судијата и го прашав зошто ми покажа картон? – Се извини и рече дека ми верувал.…

Read More

Легендата на Арсенал, Тиери Анри, верува дека менаџерот на Челзи, Греам Потер, направил грешка што го замени Рахим Стерлинг во натпреварот од групната фаза во Лигата на шампионите против Ред Бул (Салцбург). Менаџерот го извади англискиот репрезентативец на само шест минути до крајот, заменувајќи го со Кристијан Пулишиќ. Стерлинг беше видно незадоволен од неговото заминување од теренот. „Сите ја забележавме реакцијата на Рахим. Не знам зошто Потер го замени, даде гол и можеше да постигне уште еден гол. Ќе биде интересно да се види како менаџерот ќе се справи со тоа бидејќи Стерлинг не изгледаше среќен“ – изјави Анри.

Read More

Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Герет Саутгејт, го објави составот на кој ќе се потпре за претстојните натпревари во Лигата на нации со Италија и Германија. Напаѓачот на Брентфорд, Иван Тони, влезе во конкуренција. 26-годишниот играч за прв пат е повикан во националниот тим. Капитенот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер и соиграчот Лук Шо се вклучени во тимот и покрај тоа што не настапуваа редовно во последните натпревари. На списокот ги нема Маркус Рашфорд и Џејден Санчо.

Read More

Носителот на 20 Грен слем титули, Роџер Федерер, објави крај на професионалната кариера. 41-годишниот  тенисер изјави, дека Лејвер купот наредната недела ќе му биде последен официјален настан. Швајцарецот има вкупно 103  пехари во професионалните води од кои 27 се од највисоката категорија – „Мастерс“.  – Од сите подароци што ми ги даде тенисот низ годините, најголеми, без сомнение, беа луѓето што ги запознав на патот: пријателите, ривалите и најмногу од сè, навивачите“ – стои во објавата на Федерер. „ Изминатите три години се соочив со многу предизвици во форма на повреди и операции. Работев напорно за да се вратам во…

Read More