Дресот со кој Мајкл Џордан го одигра последниот меч во НБА во финалето во 1998 година е продаден на аукција за рекордна сума од околу 10 милиони долари, објави аукциската куќа -„Сотби“.
За истиот пристигнале околу 20 понуди а организаторите не открија кој ја дал највисоката. Дресот на легендата на светската кошарка првично беше проценет на околу 5 милиони долари.
Претходно, рекордот за најскап спортски сувенир го држеше дресот на Диего Марадона од Светското првенство во 1986 година, кој беше продаден на аукција за 8,39 милиони долари.