Author: dino

Барселона упати рекорден број на удари кон голот на Баерн за едно полувреме гледано уште од 2008 година на вчерашниот меч од 2. коло од групната фаза на Лигата на шампионите. Во текот на првиот дел, Шпанците имаа 10 шутеви. Барселона стана првиот тим во последните 14 години што го сторил тоа на теренот на Баерн на Алијанц Арената по Фиорентина во октомври 2008 година. Тогаш италијанскиот тим претрпе пораз во Минхен без да постигне гол.

Read More

Непознати лица влегле во куќата на напаѓачот на Баерн Минхен, Томас Милер , за време на вчерашниот меч со Барселона од 2. коло од групната фаза на Лигата на фудбалските шампиони, пренесува Билд. Според изворот, напаѓачите украле пари, накит и други вредни предмети. Штетата се проценува на шест цифри. Полицијата започнала истрага но, не нашла трага од разбојниците. Милер со неговиот Баерн Минхен се наоѓа на челната позиција во групата „Ц“ пред Барселона, Интер и Викторија Плзен.

Read More

Борбата меѓу Британците, Тајсон Фјури и Ентони Џошуа, во тешка категорија ќе се одржи на 3 декември. Менаџерската агенција објави дека двајцата боксери времено престанале да разговараат по смртта на кралицата Елизабета Втора, но, меч сепак ќе има. Деталите не се познати иако во текот на изминатата седмица шампионот на Светскиот боксерски совет (ВБЦ), Фјури, рече дека нуди 40 отсто од заработката на предизвикувачот за титулата Џошуа. Еди Херн, промоторот на Џошуа, претходно најави дека ќе прифати само сериозна понуда од непоразениот Фјури кој ќе се откаже од плановите за пензионирање.

Read More

Фановите на ПСЖ одлучија да го пропуштат мечот на теренот на Макаби Хаифа од 2. коло во Лигата на шампионите бидејќи не се задоволни од ограничувањата за гостинските навивачи кои се на сила во Израел. „ Жалиме поради безбедносните услови наметнати од израелската држава за патување во земјата. Секогаш ќе се спротивставуваме на агресивните ограничувања на нашите слободи додека патуваме. Под такви околности, принудени сме да го бојкотираме мечот“ – се вели во соопштението на навивачите на ПСЖ. Израелските власти презедоа крајно ригорозни мерки по масовната тепачка меѓу навивачите на Келн и Ница на натпреварот од Конференциската лига.

Read More

Тренерот на Баерн Минхен, Џулијан Нагелсман, зборуваше за претстојниот натпревар со Барселона во 2. коло од групната фаза на Лигата на шампионите. Во гостинските редови ќе се појави екс-напаѓачот на минхенскиот клуб, Роберт Левандовски. „Ако го видам Левандовски ќе му подадам рака. Ќе ми биде миле доколку го поздрават и навивачите. Тоа е нормално кога човек дал толку многу за клубот. Така треба да биде“ – изјави Нагелсман за официјалната веб-страница на УЕФА. Натпреварот меѓу Баерн и Барселона ќе се одигра денеска на  Алијанц Арена со почетокот во 21.00 часот.

Read More

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ, ќе може да настапи на Отвореното првенство на Австралија во 2023-та откако Федерална влада дала зелено светло. Србинот кој во почетокот на годинава  беше депортиран од „земјата на кенгурите“ поради прекршување на правилата за заштита од Ковид-19, сега ќе може без проблем да отпатува на петтиот континент. Веста беше потврдена од угледниот – „Хералд Сан“.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, ќе добие понуда да потпише нов договор иако најави дека сака да замине во пензија.   63-годишниот стратег во претходната сезона ги освои пехарите во Ла Лига, Лигата на шампионите, Супер-купот на Шпанија и Супер-купот на Европа. Италијанецот со триумфот во Лигата на шампионите, стана најуспешниот во елитното натпреварување со четири освоени трофеи. Анчелоти е запишан и како првиот тренер кој освоил титули во Топ 5 лигите во Европа – Шпанија, Англија, Германија, Франција и Италија.

Read More

Светскиот тениски рекет број 1 во женска конкуренција, Ига Свјонтек, триумфираше на последниот сезонски Гренд Слем преку „големата бара“. Свјонтек во финалето во САД по речиси два часа игра ја победи Онс Жабер од Тунис по сетови со  6:2 и 7:6. Таа  ја освои третата титула на големите собири откако во 2020 и 2022 беше најдобра во Франција на терените на Ролан Гарос. Тенисерката од Полска со денешната победа останува на лидерската позиција на ВТА листата.

Read More

На Балканско Првенство во џудо во Кочаели Турција кое се одржува во организација на Балканската џудо асоцијација и техничка организација на Турската џудо федерација, Македонија на првиот ден од настанот освои еден бронзен медал.  Во категоријата до 40 кг Теа Настоска член на ЏК Сеишин Прилеп го освои 3 то место. Тоа е прв медал и за ЏФСМ оваа година од поголемите меѓународни настани.  Покрај Теа од ЏК Сеишин, настапија и Теона Настоска -44 кг. ( 5 то место) и Никола Магдески -66 кг. ( 9 то место) кои прикажаа одлични борби но, не успеаја да се пласираат на пиедесталот.

Read More

Ракометарите на Вардар и Еурофарм Пелистер денеска во салата „Билјанини извори“ во Охрид ќе ја имаат првата сезонска пресметка . „Црвено-црните и Битолчани ќе се борат за пехарот од Супер-купот. Во претходната сезона тој заврши во ризницата на Еурофарм Пелистер кој славеше убедливо со 31:22. Денешниот меч кој ќе започне од 20.00 часот, ќе го судат, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Read More