Македонскиот фудбалски репрезентативец, Аријан Адеми, кој се израдува на првата победа во новата сезона во Лигата на шампионите беше прогласен за играч на натпреварот Динамо Загреб – Челзи. Неговиот тим на „Максимир“ славеше сензационално со 1:0 а Адеми заедно со Стефан Ристовски, беа меѓу најдобрите на теренот. „ Покажавме дека сме силен тим. Игравме добро, се држевме добро и имавме малку пропусти. Петковиќ и Оршиќ беа одлични во нападот, мислам дека заслужено победивме. Пред да излезам на теренот, ми пукна ноктот на палецот и цел бев во крв на ногата. Но, ова беше еден од најголемите натпревари и немаше зошто…
Author: dino
Крилниот напаѓач на Тотенхем, Брајан Хил, не крие дека е фрустриран од клупските шефови кои го спречиле да се пресели во друг тим во летниот преоден рок. Челниците на „спарси“ се определиле за таква одлука бидејќи не можеле брзо да најдат негова замена. За 21-годишниот талент биле заинтересирани Валенсија, Сампдорија и Олимпик Марсеј. Менаџерот, Антонио Конте, одбил да го пушти Шпанецот иако во новата сезона ќе му дава малку шанси за настап.
Седумкратниот светски шампион, Луис Хамилтон, се извини за неговата реакција кон луѓето од Мерцедес на вчерашната трка за Големата награда на Холандија. Британскиот возач во Ф1 беше крајно изнервиран по одлуката на неговиот тим да го остави со несоодветни гуми со што на некој начин му помогна на Верстапен да ја добие битката. „За секунда бев на работ да се распаднам поради силните емоции, му се извинувам на тимот, бидејќи не се ни сеќавам што кажав на радио, само изгубив контрола– објасни Хамилтон.
Бирото за договори на Формула 1, пресуди дека младиот возач, Оскар Пјастри има валиден договор со Мекларен за наредната сезона што значи дека тимот на Алпин ја загуби шансата да ги задржи неговите права. Според правилата, тимовите немаат право да ги оспоруваат одлуките на бирото пред друга инстанца што значи дека Алпин конечно го загуби Пјастри. Сега се наметнува прашањето за финансиските средства вложени во неговиот развој како резервен возач во изминатите две и половина години за што веројатно ќе биде покрената граѓанска тужба.
Доскорешниот фудбалер на Челзи, Рос Баркли, сега ќе настапува во шампионатот на Франција откако успеа да договори трансфер во Ница. Тоа е состав кој во текот на летово успеа да обезбеди неколку атрактивни имиња пред се голманот Шмајхел, потоа Пепе од Арсенал, Ремзи а на клупата го има и искусниот, Лусиен Фавр. Баркли прв пат ќе настапува надвор од Англија. Тој во Премиер-лигата ги бранеше боите на Евертон, Челзи и Астона Вила. Во еден период го носеше дресот и на Шефилд Венздеј.
Тренерот на фудбалерите на Aрсенал, Микел Артета, објасни што му рекол судијата на вчерашното дерби со Манчестер Јунајтед на кое на „топчиите“ им беше поништен гол поради прекршок од Одегард врз Ериксен. „Самиот судија ми нагласи дека станува збор за мек дуел. Тоа е одлука на која не сме навикнати тука“ – вели Артета. „Ние бараме само идентичен критериум. Ни поништија гол и сега не можеме ништо да направиме“– изјави Артета по вчерашниот пораз од 3-1 на „Олд Трафорд“.
Португалскиот тренер на клупата на Рома, Жозе Мурињо, го искоментира вчерашниот тежок пораз на теренот на Удинезе во рамките на Серија „А“. Домаќинот славеше со убедливи 4-0 а „римската волчица“ одигра катастрофално. „Кога ќе загубите 4-0 не можете да говорите за судијата. Тоа е мое правило. Ќе кажам дека претпочитам да загубам еден натпревар со 4-0 отколку четири меча со 1-0“ – вели Мурињо. „Од 45 минути се играше 20 минути. Тоа е школо за фер-плеј и јас би сакал да имам такви собирачи на топки на нашиот стадион“ – потенцираше тренерот на Рома.
СЕХА го издвои идеалниот тим на завршниот Ф4 турнир во Задар на кој ракометарите на Веспрем го освоија првото место, Загреб второто а Еурофарм Пелистер е трет пред Нексе. Во идеалниот тим се двајца ракометари на битолчани – Жарко Пешевски и Усама Хосни. Друштво им прави и поранешниот ракометар на Вардар, Тимур Дибиров. Голман: Аљаш Пајнтар (Загреб)Лево крило: Тимур Дибиров (Загреб)Лев бек: Звонимир Срна (Загреб)Среден бек: Кентин Мае (Веспрем)Десен бек: Усама Хосни (Пелистер)Десно крило: Никита Валјупов (Веспрем)Кружен напаѓач: Жарко Пешевски (Пелистер)Дефанзивец: Јаков Гојун (Загреб)МВП: Расмус Лауге Шмит (Веспрем)
Тренерот на Еурофарм Пелистер, Ларс Валтер, вели дека е задоволен од победата против Нексе и освоеното трето место во СЕХА лигата. „Мислевме на себе а не на противникот. Значајно ни беше да победиме и да играме добро. Денеска видовме дека имаме тим, посебно што игравме без Руди Сери. Позитивно беше да се види Суси, кој се врати од повреда и покажа дека ќе биде засилување. Ова е одлична реакција по поразот во петокот“ рече данскиот тренер.Капитенот Мирко Радовиќ, автор на пет гола, на прес-конференцијата го анализираше дуелот во Задар. „Нашиот впечаток од овој турнир е одличен. Многу ќе ни користи…
Актуелниот шампион во Формула 1, Макс Верстапен, победи на домашната патека „Зандворт“ на трката за Големата награда на Холандија. Тој беше побрз од Џорџ Расел од Мерцедес и Шарл Леклер од Ферари. Тоа е 10 победа за Холанѓанецот во 15 сезонски трки со што само ја зголеми предноста на чело на табелата. Верстапен има 310 бода или 109 повеќе од Леклер и Перес. Во тимот на Ферари повторно направија катастрофална грешка откако ги заборавија пневматиците кога го повикаа Саинц да влезе во пит стоп. Наредната трка во Формула 1 шампионатот ќе се вози на 11 септември за Големата награда на…
