Актуелниот шампион во Формула 1, Макс Верстапен, победи на домашната патека „Зандворт“ на трката за Големата награда на Холандија. Тој беше побрз од Џорџ Расел од Мерцедес и Шарл Леклер од Ферари.
Тоа е 10 победа за Холанѓанецот во 15 сезонски трки со што само ја зголеми предноста на чело на табелата. Верстапен има 310 бода или 109 повеќе од Леклер и Перес. Во тимот на Ферари повторно направија катастрофална грешка откако ги заборавија пневматиците кога го повикаа Саинц да влезе во пит стоп.
Наредната трка во Формула 1 шампионатот ќе се вози на 11 септември за Големата награда на Италија на легендарната патека – „Монца“.