Денеска стартуваше Евробаскетот 2022 кој се одржува во четири земји, Чешка, Грузија, Германија и Италија. Во првиот меч во групата „А“ во Тбилиси, Шпанија ја прегази Бугарија со 114 -87. Лоренцо Браун со 17 поени беше најефикасен кај „фуријата“ додека Вили Хернангомез постигна 16. Кај Бугарите се издвои Александар Везенков со 26 поени. Во вториот денешен меч одигран во групата „А“, Босна и Херцеговина ја совлада Унгарија со 95-85. НБА ѕвездата, Јусуф Нуркиќ и Џанан Мусаи постигнаа по 19 поени додека кај Унгарците Бенке имаше 20.
Author: dino
Еурофарм Пелистер в петок го очекува историскиот дуел со Веспрем на „фајнл-фoр“ турнирот на СЕХА лигата во Задар. Тренерот на нашиот тим, Ларс Валтер, улогата на фаворит му ја препушта на унграскиот состав. „Ние сме тим во изградба, имаме десет нови ракометари и нов тренер и падови и подеми се нормална појава. Нема што да загубиме утре во полуфиналето. Ништо не се знае и сите опции се отворени“ – вели стратегот. Сличен став има и словенскиот голман Урбан Лесјак кој вели дека тимот е подготвен да се натпреварува против најдобрите. „Првите впечатоци од Битола се одлични. Веднаш почувствувавме дека сме…
Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, откри што му рекол на Пауло Дибала на вчерашниот меч со Монца. Аргентинскиот напаѓа по доаѓањето од Јувентус, успеа да ги постигне постигне првите голови за „ римската волчица“. „Минатата сезона кога Јувентус играше тука на Олимпико, тој беше заменет и кога излегуваше од игра, му реков: „Ти си многу добро момче“. Па вечерва му го реков истото. Се насмеавме бидејќи се потсетивме на тоа“ – изјави Португалецот.
Белгискиот фудбалер, Кристијан Бентеке, утре за прв пат ќе го облече дресот на ДЦ Јунајтед на дуелот со Њујорк Сити откако се завршени сите процедури со работната виза. Некогашниот играч на Ливерпул и на селекцијата на Белгија, потпиша договор со екипата од МЛС лигата на две години со опција за уште една. 31- годишниот напаѓач кој ги носеше дресовите на Астон Вила, Ливерпул и Кристал Палас, има одиграно 280 мечеви во Премиер-лигата. Тој постигна 86 голови и направи 23 асистенции.
Некогашниот фудбалски напаѓач на Холандија, Марко Ван Бастен, проценува дека англсикиот Манчестер Јунајтед ќе плати преголема сума за голгетерот на Ајакс, Ентони. Бразилецот според сите информации набрзо ќе се пресели на „Олд Трафорд“. „Тој дефинитивно не вреди 100 милиони евра. Прави многу грешки и често ја губи топката. Треба допрва да се докаже“ – вели Ван Бастен. Ентони за „копјаниците“ има 134 мечеви со ефект од 31 гол и 27 асистенции.
Легендарниот фудбалер, Џо Кол, се осврна на вчерашниот пораз на Челзи на теренот на Саутемптон во рамките на Премиер-лигата. Иако „сините“ од Лондон ја имаа улогата на големи фаворити, на крајот останаа со празни раце. „Тухел треба да биде загрижен за играта на неговите фудбалери. Мислам дека во вториот дел немаа ниту една шанса“- потенцира Кол во неговата анализа. „Навивачите на Челзи имаа разочарувачка ноќ. Се гледа дека во клубот има проблеми кои треба да се решат“ – вели Кол.
Фудбалерот, Карлос Солер, ја напушти Валенсија за да се пресели во францускиот шампион, ПСЖ. Неговиот трансфер е 18 милиони евра со дополнителни три како бонуси. „Светците“ во текот на летово ги купија и Витиња, Ренато Санчез и Фабијан Руиз. Од „Паркот на принцовите“ си замина: Андер Ерера и Џорџињо Вајналдум додека Паредес и Идриса Гeј се на излезната врата.
Шефот на тимот на Ред Бул во Формула 1, Кристијан Хорнер се спореди со легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон. Причината за тоа беше уште една критика кон Хорнер, дека сите негови изјави и постапки се многу еднострани и подредени само на интересите на тимот. „Моја задача е да направам се што е можно за тимот. Мислам дека Сер Алекс Фергусон никогаш не се загрижил што мислат другите менаџери од Премиер лигата за него“ – вели Хорнер.
ФИФА ги суспендираше двајцате фудбалери кои беа позитивни на допинг тест за време на квалификациите за Светското првенство во Катар. Напаѓачот Ерик Ривера од Ел Салвадор беше позитивен на забранетиот анаболичен стероид клостебол по мечот со Канада на 8 септември 2021 година додека играчот од средниот ред Сабри Али Мохамед од Џибути беше позитивен на тестостерон по поразот од Алжир на 12 ноември во изминатата година. Двајцата фудбалери добија забрана за настап најмалку до 2026 година.
Ракометниот состав Вардар денеска ги пушти во продажба влезниците за дуелот со Нексе (Хрватска) во рамките на последниот елиминациски филтер во регионалната СЕАХ лига. Цените на картите за страничните трибини се по 60 денари додека за централните по 100. Најскапи се секторите најблизу до теренот на кои еден билет чини по 150 денари. Победникот од средбата која ќе се одигра на 23 август во СЦ Јане Сандански ќе патува на завршниот Ф4 турнир во Задар во почетокот на септември.
