Шефот на тимот на Ред Бул во Формула 1, Кристијан Хорнер се спореди со легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон.
Причината за тоа беше уште една критика кон Хорнер, дека сите негови изјави и постапки се многу еднострани и подредени само на интересите на тимот.
„Моја задача е да направам се што е можно за тимот. Мислам дека Сер Алекс Фергусон никогаш не се загрижил што мислат другите менаџери од Премиер лигата за него“ – вели Хорнер.