Денеска стартуваше Евробаскетот 2022 кој се одржува во четири земји, Чешка, Грузија, Германија и Италија.
Во првиот меч во групата „А“ во Тбилиси, Шпанија ја прегази Бугарија со 114 -87. Лоренцо Браун со 17 поени беше најефикасен кај „фуријата“ додека Вили Хернангомез постигна 16. Кај Бугарите се издвои Александар Везенков со 26 поени.
Во вториот денешен меч одигран во групата „А“, Босна и Херцеговина ја совлада Унгарија со 95-85. НБА ѕвездата, Јусуф Нуркиќ и Џанан Мусаи постигнаа по 19 поени додека кај Унгарците Бенке имаше 20.