Ракометната репрезентација на Македонија до 18 години го освои ЕХФ шампионатот откако во финалето ја совладавме селекцијата на Швајцарија со 24-22. Димковски со седум гола беше најефикасен во нашата репрезентација, Петковски постигна шест, Калајџиески четири, најдобар на мечот беше голманот Брестовац. Македонија ја помина групната фаза перфектно со три победи а триумфираше сигурно и во полу-финалето. Со златниот медал и првото место обезбедивме пласман на младинското ЕП 2024 година и пласман на кадетското СП 2023 година.
Author: dino
Македонскиот репрезентативец за да потпише за турскиот шампион го одбил повикот на легендарниот англиски фудбалер, Вејн Руни, кој работи како тренер во МЛС лигата во екипата на Ди Си Јунајтед. Барди има голема желбата да игра во Лигата на шампионите и затоа не сака да замине преку „големата бара“. Трабзон ако го помине данскиот состав Копенхаген во плеј-офот, тогаш ќе игра во елитата на Европа.
Дефанзивецот на Баерн Минхен, Матијас де Лихт, вели дека во Германија се игра многу поагресивен фудбал отколку во Италија. Тој во текот на летото го напушти Јувентус и се пресели во шампионот на Бундес-лигата.Баварците за неговиот потпис платија 67 милиони евра. „Во Баерн играте интензивен натпревар поради континуираниот притисок. Во Италија тоа е повеќе како шах, многу повеќе се тактизира. Во Баерн сакам да ја вратам мојата игра што ја демонстрирав за Ајакс“ – изјави 23-годишниот Холанѓанец во интервјуто за – „Де Телеграф“.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 од денеска во Маврово, ќе го одработат главниот дел од подготовките за новата сезона. Битолчани кои се подготвуваат за премиерниот настап на евро-сцената, ќе одиграат два контролни меча против Охрид и еден против косовскиот тим Вучитрн. Нашиот тим во квалификациите за Европската лига го очекува двомечот со Алпа Хард. Првиот натпревар се игра на 27 август а реваншот е на четврти септември во Битола.
Селекторот на германската фудбалска репрезентација, Ханс Флик, го сподели мислењето за претстојното Светско првенство во Катар 2022 година. „Имам многу познаници кои би сакале да летаат за Катар, но, се откажале од идејата поради различни причини. Затоа што цените им се недостапни, бидејќи состојбата со односот кон хомосексуалците е неприфатлива, затоа што таму се кршат човековите права, бидејќи таму се маргинализирани малцинствата“ – вели Флик. „Фудбалот треба да биде достапен за секого. Затоа велам дека тоа Светско првенство нема да биде за просечен навивач“ – нагласи селекторот на „панцирите“.
Менаџерот на Њукасл, Еди Хау, вели дека долгото отсуство на повредениот , Џонџо Шелви, може да се одрази на играта на тимот, но, нема намера да купува друг играч да го пополни неговото место. Очекувањата се дека 30-годишниот играч за врска ќе паузира до ноември. „Губењето на Шелви е голем удар за нас. Тој беше одличен играч во последните неколку сезони. Очекуваме да се врати на теренот за околу 12 недели“ – вели тренерот на Њукасл. Неговите избраници во првото коло го совладаа Нотингем со 2-0 а во текот на викнедов ги очекува меч со Брајтон.
Ајнтрахт Франкфурт потврди дека дефанзивецот на Јувентус, Лука Пелегрини, ќе игра како позајмен во наредната сезона во Бундес-лигата. 23-годишниот фудбалер кој потекнува од школата на Рома досега играше и за Калјари и Џенова. Тој во претходната сезона имаше 18 мечеви за „старата дама“.Пелегрини треба да ја покрие десната бековска позиција во Ајнтрахт Франкфурт.
Централниот дефанзивец на фудбалскиот состав Милан, Фикајо Томори, се согласи да го продолжи договорот до 2027 година, објави италиајнскиот состав. Тој во претходната сезона беше еден од најзаслужните за освојување на Скудетото. Дефанзивецот дојде на „Сан Сиро“ на позајмица од Челзи во почетокот на 2021 година. Шампионот на Италија најави дека во наредните денови ќе ги обнови договорите Сандро Тонали и Пјер Калулу.
Џовани Симеоне и Танги Ндомбеле се најновите засилувања на фудбалскиот состав Наполи. Синот на прославениот Диего Симеоне, доаѓа од Верона на позајмица за 3,5 милиони евра а наполитанците имаат опција да го купат за дополнителни 12 милиони евра. Аргентинецот во претходната сезона постигна 17 голови во Серија А. Во Наполи ќе игра и Танги Ндомбеле. Французинот ќе дојде како позајмен од англискиот Тотенхем. Тој минатата сезона времено играше за Лион.
Македонскиот фудбалски репрезентативец, Енис Барди, денеска пристигна во Турција. Тој до крајот на денов треба да ги помине лекарските прегледи и да биде промовиран како нов играч на Трабзон. Шампионот на Турција за неговиот потпис ќе му плати на шпанскиот, Леванте, осум милиони евра. „Многу сум среќен. Дојдов тука да го исполнам сонот за настап во Лигата на шампионите и што поголеми успеси на европската сцена“ – нагласи Барди. Нашиот фудбалер во 2017 година го напушти Ујпешт и се пресели во Шпанија. Таму во претходните шест сезони одигра 125 мечеви и постигна 22 гола.
