Италијанската Рома ја одби понудата од Тотенхем за офанзивниот играч за врска, Николо Заниоло. Лондончани упатија понуда да го земат играчот на позајмица со задолжителна откупна клаузула за 20 милиони фунти. Италијанците одговорија со одбивање, бидејќи очекуваат најмалку 50. за 23-годишниот репрезентативец на „аѕурите“. Двата клуба ќе ги продoлжат преговорите.
Author: dino
Играчот од средниот ред на Јувентус, Адриен Рабиот, им постави посебен услов на луѓето од Манчестер Јунајтед за да замине на стадионот – „Олд Трафорд“. Тој побарал многу поголема плата од таа што ја добива во екипата од Торино. Рабио сака да има најмалку 10 милиони евра годишно бидејќи кај италијанците заработува 7. Во меѓувреме двата клуба се договорија трансферот да биде 15 милиони евра.
Новата Супер-лига од 24 клубови која има за цел да го револуционизира африканскиот фудбал и да стане најкомерцијалниот турнир, ќе започне од 2023 година. Таа ќе понуди награден фонд од 100 милиони долари или пет пати повеќе од актуелната африканска Лига на шампиони, беше откриено на конгресот на седиштето што се одржува во Аруша, Танзанија. Турнирот тима поддршка од ФИФА за разлика од пропаднатиот клупски проект од Супер-лигата во Европа во изминатата година.
Македонската машка кошаркарска репрезентација деновиве во Маврово се подготвува за дуелите со Данска и Словачка на стартот на претквалификациите за Европското првенство. Нашиот крилен играч, Бојан Крстевски, не крие дека е оптимстички расположен. „Се надевам дека ќе ги поминеме овие претквалификации. Словачка ни е добро позната, во неколку наврати имаме играно и имаме позитивен ефект, се надевам дека така и ќе продолжи“ – потенцираше Крстевски. „ Данска и Норвешка можеби не звучат атрактивно, но, не може да се потценат, затоа што денес сите играат кошарка. Одиме чекор по чекор и се надевам на позитивен исход“- изјави Крстевски за сајтот на…
Најдобриот одбојкар на светов, Вилфредо Леон, кој во јуни имаше операција на коленото, сака да настапи на Светското првенство што ќе започне на 26 август. 29-годишниот натурализиран Кубанец се врати на тренинзите на Полска со надеж дека ќе успее да се рехабилитира и дека ќе добие место на списокот на селекторот, Грбиќ. Леон дури се појави и во репрезентативниот камп. Светскиот шампион Полска ќе игра во групата Ц со Бугарија, САД и Мексико.
Светската шампионка и рекордерка на 400 метри со пречки, Сидни Меклафлин, имаше уште една импресивна трка. Американката која е олимписки шампион од Токио, победи на трката на меморијалот – Иштван Гулај во Секешфехервар со време од 51,68 секунди. Тоа е најдобриот резултат во женска конкуренција досега на патека во Европа. „Имав мала пауза по Светското првенство. Знам дека денеска имав добра трка и среќна сум со резултатот“ – вели Меклафлин по нејзината победа.
Напаѓачот на Спартак (Москва), Шамар Николсон, може да ја продолжи кариерата во француската екипа Нант. Наводно, „Канаринците“ се подготвени да испратат понуда за интернационалецот од Јамајка. Тој му се приклучи на рускиот состав пред осум месеци и до крајот на сезоната успеа да постигне 8 голови. 25-годишниот фудбалер има настапувано за Домжале и Шарлоа. Неговиот тековен договор со Русите е до 2026 година.
Челниците на фудбалскиот состав Милан не се откажуваат од идејата да го ангажираат Хаким Зијаш, кој не влегува во плановите на тренерот на Челзи, Томас Тухел. Италијанскиот состав сака да го земе брзоногиот играч на позајмица за една сезона. 29-годишниот интернационалец од Мароко во претходната сезона имаше 44 мечеви во сите конкуренции на кои постигна само осум голови. Поранешниот играч на Ајакс има договор со „сините“ до 2025 година.
Фудбалскиот состав на Болоња ја одби понудата од Манчестер Јунајтед за напаѓачот, Марко Арнаутовиќ, потврди директорот на италијанците, Марко Ди Вајо. „Црвените ѓаволи“се обиделе за 8 милиони евра да дојдат до потписот на 33-годишниот австриски репрезентативец кој треба да одработи уште една сезона од договорот. „Не е се во парите. Марко има непроценлива вредност за нас“ – изјави Ди Вајо.
Фудбалерот, Мемфис Депај, во текот на летово ќе ја напушти Барселона и ќе потпише за Јувентус, најавија денеска медиумите во Италија. Поранешниот напаѓа на Лион, ПСВ и Манчестер Јунајтед, има отворена врата да го напушти „Камп Ноу“. 28-годишниот фудбалер добива плата од 5 милиони евра што е прифатливо за екипата од Торино. Холанѓанецот за Каталонците одигра 36 средби со ефект од 13 гола.
