Поранешниот фудбалер на Валенсија , Малага и Реал Мадрид, Иско, во наредните две сезони ќе ги брани боите на Севилја. Тој на официјалната промоција нагласи дека последните две години кај „кралевите“ не ја добил вистинската шанса од тренерите Зидан и Анчелоти. „Последните две години не ми дозволија да играм. Сега ќе докажам дека сум максимално фокусиран и дека имам квалитет“ потенцираше Иско.
Author: dino
Италијанскиот фудбалски состав Интер, објави дека споогодебно го раскина договорот со напаѓачот, Алексис Санчез. -Клубот сака да му се заблагодари на Алексис за неговите три сезони кои кулминираа со освојување на три трофеи, – стои меѓу другото во кусото соопштение на клупската веб-страница. Чилеанецот има богата кариера во Европа бидејќи ги носеше дресовите на Удинезе, Барселона, Арсенал, Манчестер Јунајтед и во псоледните три сезони на Интер.
Англискиот фудбалски состав, Фулам, ќе го купи стоперот на Вест Хем, Иса Диоп, за околу 15 милиони фунти. 25-годишниот Французин откако ќе ги помине задолжителните медицински тестови ќе потпише договор за пет сезони. „Чеканите“ го купија Диоп во 2018 година за сума од 22 милиони фунти од француски Тулуз. За четири сезони во лондонскиот клуб, дефанзивецот одигра 121 натпревар и постигна осум голови.
„Sky Sports“ објави дека челниците на Челзи му понудиле нов договор на голманот, Едуард Менди и дека преговорите ќе продолжат и во наредниот период. 30-ет годишниот чувар на мрежата игра за „сините“ од сезоната 2019-2020 кога го напушти францускиот состав Рен. Тој има тековен договор со екипата од „Семфорд Бриџ“ до 2025 година, но, не сака да го обнови бидејќи не е задоволен од финансиските услови. Менди кој е репрезентативец на Сенегал, претходно бранеше и за Олимпик Марсеј.
Шефот на Алпин, Отмар Шафнауер, тврди дека младиот возач, Оскар Пјастри, има активен договор кој го обврзува и за наредната сезона во Формула 1. Доколку Австралиецот одбие да остане во екипата, тогаш Алпин ќе бара финансиска компензација. „Имаме договор кој го потпиша во ноември. Разговаравме со нашите адвокати и ни рекоа дека можеме да го имаме Оскар и во 2023 година или да го позајмиме на друга екипа а потоа да го вратиме“ – вели Шафнауер.
Уругвајскиот фудбалски голгетер, Едисон Кавани, кој го напушти Манчестер Јунајтед, нема намера да ја прифати понудата на Бока Јуниорс и да се врати во Јужна Америка. Последните шпекулации велат дека корпулентниот напаѓач може кариерата да ја продолжи во Шпанија во Примера Дивизион. Наводно, за неговиот потпис е заинтересирана екипата на Валенсија. Клубот од „Месталја“ го остварил првиот контакт со неговиот агент задолжен за трансфери.
Легендарниот фудбалер, Рој Кин, испрати серија на критики кон играчите на Манчестер Јунајтед кои загубија на стартот на сезоната на домашен терен од Брајтон. Легендарниот капитен на „црвените ѓаволи“ , вели дека не постои среден ред во екипата и дека тоа е најголемиот проблем . „На играчите од средниот ред на Манчестер Јунајтед им недостига фудбалска интелигенција, особено на Фред. Фред и Мектоминај едноставно не се доволно добри“ – вели Кин.
Јувентус пронајде замена за Адриен Рабио кој треба набрзо да се пресели во редовите на Манчастер Јунајтед, велат последните информации од фудбалска Италија. „Старата дама“ ќе испрати понуда до Леандро Паредес од ПСЖ. Французите бараат за неговиот потпис 20 милиони евра а тимот од Торино понуди 15-ет. Aргентинецот исто така има желба да направи трансфер во Серија „А“.
Шпанскиот фудбалски состав Елче влегол во преговори со луѓето од Леванте за потписот на нашиот репрезентативец, Енис Барди, објавија медиумите на Пиринеите. Иако имаше преговори и со грчкиот гигант Олимпијакос, сепак, нашиот интернационалец веројатно ќе остане во Примера Дивизион. Ќе потсетиме дека за Барди беа заинтересирани екипи од целиот свет, но, досега не се случи ништо конкретно.
23-годишниот дефанзивец, Дан-Аксел Загаду, кој во текот на летово си замина како слободен играч од Борусија Дортмунд, може да добие понуди англискиот Вест Хем и италијанската, Рома. Весникот – „The Sun“, објави, дека „чеканите“ ќе мора да испратат подобра понуда од „волчицата“ која покажува дека е сериозно заинтересирана за потписот на дефанзивецот. 23-годишниот Французин во претходната сезона одигра само 15 мечеви за „милионерите“.
